Connect with us

Радовиш

Општина Радовиш во незавидна финансиска состојба, иако рудникот Бучим продолжува со работа

Avatar

Published

на

Со изцрпувањето на рудните тела од кои рудникот за бакар „Бучим“ досега работеше, Општина Радовиш се соочува со голем финансиски проблем, имајќи предвид дека околу 50% од Буџетот на општината се полнеше од концесискиот надоместок. Иако животниот век на рудникот Бучим се продолжи со отварањето на Боров Дол, Општина Радовиш ќе биде побогата  само со хидројаловина, бидејќи само 4,5% од рудното тело е на радовишка територија.

Боров Дол зафаќа локација од територијата на трите општини: Конче, Штип и Радовиш. Но, во оваа ситуација Општина Радовиш е најголемиот губитник зашто наместо 1,2 милиони евра колку што од концесискиот надомест инкасираше годишно во општинскиот буџет сега годишно ќе добива само околу 60.000 евра.

Поради ваквата-нова ситуација, градоначалникот Герасим Конзулов вели дека Општината со допис до Владата, побарала измени и надополнувања на Законот за минерални суровини, а ќе испратат и дополнително  барање за решавање на финасискиот проблемот.

-Со постојниот Закон за минерални суровини нашата општина која има 28.244 жители загуби многу иако рудникот Бучим токму на наша територија опстојува цели 42 години. Откако се исцрпија резервите на рудните тела кои беа во реонот на Општина Радовиш, и се отвори рудникот Боров Дол, ситуацијата по нас драматично се промени на лошо, вели градоначалникот Герасим Конзулов.

Градоначалникот Конзулов рече дека бараат измени и надополнувања на Законот за минерални суровини поради фактот дека рударско-преработувачките капацитети се во рудникот Бучим кој е на територија на Општина Радовиш. Стопроцентно е и хидројаловиштето во кое се депонира хидројаловината од процесот на производството на концентратот, кој процес се врши во Бучим.

Затоа сметаме,  додава Конзулов дека е неопходно да се извршат соодветни измени и дополнувања на Законот за минерални суровини со цел закономерно и одговорно, помеѓу општините, да се изврши распределба на концесиските надоместоци.

Инку засега најголем дел од концесискиот „колач“ ќе добива Општина Конче 57,2 проценти и Општина Штип – 38,3 проценти, додека Општина Радовиш ќе добие само 4,5 проценти.

Радовиш

Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.

„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Tрибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, ќе се одржи во Радовиш

Avatar

Published

на

Бидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.

Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.

Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија, трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.

Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.

Прочитај повеќе

Радовиш

На подрачјето на Радовиш, санкции за 24 возачи за прекршувања на брзината

Avatar

Published

на

На 24.03.2024 во времето до 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 24 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија и 14 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе