Радовиш
Хуманитарна собирна акција за училишен прибор за децата од ранлива категорија во Радовиш
Published
3 години agoна
By
Media PressХуманитарна акција на ОО на Црвен крст од Радовиш во пресрет на новата учебна година, овие два дена организира собирна акција за училишен прибор. Акцијата ја спроведуват младите волонтери во Клуб за млади при Црвен крст во Радовиш на поставени штандови на неколку локации во градот.
Сите заинтересирани граѓани можат да донират материјали потребни за во училишта, како и парични средства од кои потоа ќе биде обезбедено училишен прибор, за децата од социјално ранливи категории.
Поврзани содржини
Еколошка акција за генерално чистење на училишните простории и училишниот двор, во ООУ Никола Карев од Радовиш
ОО на Црвен Крст – Радовиш, во соработка со ЈЗУ Здравствен Дом -Радовиш, организира бесплатен преглед на очен притисок
Одржана втората обука во Црвен крст Радовиш за регрутирање на млади волонтери
40 крводарители упатија порака низ највисокиот чин на хуманоста во новата 2024 година
ОО на Црвен крст- Радовиш, со пригодна свеченост го одбележаа Светскиот ден на волонтерството 5-ти Декември
ОО на Црвен крст од Радовиш со повеќе активности во месец Ноември, месец за борба против болести на зависности
Радовиш
Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш
Published
17 часа agoна
март 27, 2024By
Media PressГрадоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.
„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.
Радовиш
Tрибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, ќе се одржи во Радовиш
Published
22 часа agoна
март 27, 2024By
Media PressБидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.
Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.
Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија, трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.
Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.
Радовиш
На подрачјето на Радовиш, санкции за 24 возачи за прекршувања на брзината
Published
3 дена agoна
март 25, 2024By
Media PressНа 24.03.2024 во времето до 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 24 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија и 14 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.