Connect with us

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Објавено на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

прикажи повеќе

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе

Македонија

Иротова Лазарева: Трактор набавен преку програмата за рурален развој во 2023 година, при контрола го нема

Media Press

Published

на

Резултатите од извршените контроли  на Платежната Агенција отвораат сериозни прашања за начинот на користење на финансиската поддршка и веродостојноста на пријавените податоци, информира директорката Даниела Иротова Лазарева по контролите во Охридско-струшкиот регион.

„Трактор набавен преку програмата за рурален развој во 2023 година – при денешната екс пост контрола во с. Бичево, Струшко, не е пронајден кај земјоделското стопанство, ниту на пријавените земјоделски површини. Според изјавите на присутните, бил даден на користење на друго лице а во стопанскиот двор нема никави траги од истиот, а постојат и писмени дојави дека е продаден. Корисникот има договорна обврска најмалку пет години да ја користи инвестицијата за потребите на своето стопанство и да не ја дава на трети лица и да ја отуѓува. Парите мора да ги вратиме во буџет!“ вели Иротова Лазарева.

„Пријавени 50 пчелни семејства – при контролата на лице место не беше затекнато ниту едно пчелно семејство, а според расположливите податоци корисникот нема ниту регистарски број на одгледувалиште (РБО).

Пријавени 600 пчелни семејства – на терен затекнавме само 190 пчелни семејства со пчели и 10 празни сандаци, додека останатите 400 не беа пронајдени.

Финансиската поддршка не е само право да се добијат средства од државата. Таа подразбира и одговорност, исполнување на условите и почитување на преземените обврски.

Контролите продолжуваат – пред исплата, по исплата и во текот на периодот на исполнување на договорните обврски. Нема селективност и нема привилегирани.

Нашата обврска е да ги заштитиме чесните земјоделци и да обезбедиме јавните средства да се користат за вистинско земјоделско производство.

Пријавеното на хартија мора да постои и на терен!“, стои во информацијата од Иротова Лазарева споделена на социјалните мрежи.

Прочитај повеќе