Connect with us

Радовиш

Нов управител застанува на чело на двата рудника Бучим и Боров Дол од Радовиш

Avatar

Published

на

Нов управител застанува на чело на двата рудника Бучим и Боров Дол од Радовиш, кој  раководи со компаниите почнувајќи од 22 мај годинава,  по извршените промени во органите на управување и раководење, информираат од двете компании.

„Ве известуваме дека со Одлука за промена на управители, донесена од страна на Содружникот на Друштвата, извршени се промени во органите на управување и раководење на ДПТУ “Боров Дол” ДООЕЛ Радовиш и ДПТУ “Бучим” ДООЕЛ Радовиш. Имено на 22.05.2023 назначен е нов управител на Друштвата –  Александар Раков, кој доаѓа на местото  на досегашните управители Олег Чусовитин во ДПТУ “Бучим” ДООЕЛ Радовиш и Хумберто Матхеус во ДПТУ “Боров Дол” ДООЕЛ Радовиш.

Г-дин Александар Раков, е дипломиран рударски инженер со специјалност за технологија и комплексна механизација на површинска експлоатација на  минерални суровини. Има богато професионално искуство со повеќе од 45 години во раководење на рудници ширум светот, каде што под негово раководство, рудниците ги достигнуваат најдобрите резултати. Својата работна кариера во рударството ја започнува во 1978 година, а во неговата долга кариера во рударскиот сектор бил носител на повеќе менаџерски позиции во повеќе рудници. Александар Раков застанува на чело на двата рудника Бучим и Боров Дол и раководи со компаниите почнувајќи од 22 мај, 2023 година“, стои во известувањето од двата рудника Бучим и Боров Дол.

Инаку во текот на изминатите четири децении, рудникот Бучим претрпе голем број транзиции за да стане компанија која што е денес. Од 2005 година, рудникот за бакар Бучим е дел од Солвеј Инвестмент Групацијата, која го постави Бучим на нов пат и му обезбеди долгорочна иднина, а го отвори и новиот рудник Боров Дол.

Радовиш

Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна

Avatar

Published

на

Долгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.

Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.

Прочитај повеќе

Радовиш

Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш

Avatar

Published

на

Изложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.

Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.

Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.

Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.

Прочитај повеќе

Радовиш

Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш

Avatar

Published

на

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.

Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.

Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.

Прочитај повеќе