Connect with us

Радовиш

Донација комбе, од Рудникот Бучим за потребите на Општина Радовиш

Media Press

Објавено на

Како резултат на заедничката соработка помеѓу рудникот Бучим и Општина Радовиш денеска беше донирано комбе, за потребите на општина Радовиш и училиштата кои имаат потреба за превоз и реализација на практична настава, а исто така оваа комбе ќе се користи и од членовите на културните друштва, НВО сектор и спортските клубови кои ќе имаат потреба од патување.

Градоначалникот Ацо Ристов на денешното примопредавање на возилото изрази благодарност до раководството на рудникот Бучим.

„Во разговор со менаџментот од Рудникот Бучим одлучивме дека вакво возило за ваква намена му е потребно на Радовиш и еве денеска се остварува донацијата на оваа возило за општина Радовиш и граѓаните на општина Радовиш. Во оваа прилика сакам да искажам благодарност до Рудникот Бучим кој покажа уште еднаш дека има разбрање за сите оние потреби на граѓаните и секогаш се тука да помогнат“ – истакна Градоначалникот Ацо Ристов.

Прес секретарот на Рудникот Бучим Кристина Крстева рече дека како општествено одговорна компанија како и досега повторно излегуваат во пресрет на барање на општината. Овој пат донираат комбе за потребите на граѓаните, со што успешно ја завршуваат оваа година.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе