Connect with us

Конче

Рудниците Бучим и Боров Дол ја продолжуваат традицијата за донирање на новогодишни пакетчиња, започнаа од градинката во Конче

Avatar

Published

на

Рудниците Бучим и Боров Дол и годинава ја продолжуваат традицијата за донирање на новогодишни пакетчиња на дечињата во детските градинки во Општините Радовиш и Конче. Годинава донацијата ја започнаа со градинката „12 јули“ во Конче.

Најпрво дечињата се претставија со новогодишна приредба, а потоа Дедо Мраз им ги подари пакетчињата.

Благодарност за донираните пакечиња изрази директорката на градинката Марина Коцева која најави и новогодишна програма во изведба на дечињата.

Новогодишни паќетчиња беа донирани и на младите борачи од боречкиот клуб Бучим –Шампиони во Конче, како и на социјално ранливи семејства во општината.

Благодарност за  донацијата  но и за досегашната подршка на младите борачи изразија и од БК Бучим -Шампиони од Конче, кои веќе забележуваат резултати и надвор од државата.

Вкупно беа донирани околу 100 новогодишни пакетчиња од рудникот Боров Дол во Општина Конче.   

Конче

Градоначалникот на Општина Конче со апел до граѓаните да не ги ОПОЖАРУВАТ (палат) своите земјоделски површини и пошумени имоти

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов, со апел до граѓаните да не ги ОПОЖАРУВАТ (палат) своите земјоделски површини и пошумени имоти.

„Почитувани граѓани на Општина Конче , би сакал да упатам апел до сите граѓани кој што обработуват земјоделски површини и сите оние граѓани кои од други причини имаат потреба да се движат по шумските делови и земјоделските површини , да не ги ОПОЖАРУВАТ (палат) своите земјоделски површини и пошумени имоти . Како резултат на таквата негрижа во вчерашниот ден беше предизвикан шумски пожар од кој беше предизвикана огромна материјална штета на дабова шума во м.в ,,Брестиви дол” , атар на село Габревци!!!“ стои во апелот од градоначалникот Ристов.

Прочитај повеќе

Конче

Поставување на нова урбана опрема во населените места во Општина Конче

Avatar

Published

на

Општина Конче деновива започна со поставување на нова урбана опрема во населените места во општината. Според градоначалникот Златко Ристов ќе биде поставена урбана опрема во централните подрачја на сите населени места со цел да се подобрат условите на граѓаните.

Прочитај повеќе

Конче

Голем број на посетители на Изложбата на aвторката Лејла Куртов “Рурална жена низ објективот” во Општина Конче

Avatar

Published

на

Вчера во Домот на Култура во Општина Конче се одржа првата самостојна изложба на дигитална фотографија со која авторката Лејла Куртов полека но сигурно ги крши стереотипите на нашето општество за тоа што претставува руралната жена.

На изложбата на авторката Лејла “Рурална жена низ објективот” која се одржа во домот на културата во Општина Конче, присутни беа голем број посетители.

Настанот беше збогатен со настап на КУД Конче, како и вкусните специјалитети со кои Општина Конче се гордее.

Покрај фотографиите , посетителите имаа прилика да видат и краток Документарен филм на кој се прикажани културните богатства на оваа Општина, но и животните приказни на овие моќни жени .

Овој настан беше предводен од Модераторот Златко Јанкулов и презентерката на “Животните приказни на руралните жени” Катерина Василева .

Авторката вели дека ова е само еден убав почеток , а инспирацијата за нови настани и изложби ја црпи од преголемото културно богатство кое го поседува Општина Конче.

Прочитај повеќе