Connect with us

Радовиш

Општина Радовиш во незавидна финансиска состојба, иако рудникот Бучим продолжува со работа

Media Press

Published

на

Со изцрпувањето на рудните тела од кои рудникот за бакар „Бучим“ досега работеше, Општина Радовиш се соочува со голем финансиски проблем, имајќи предвид дека околу 50% од Буџетот на општината се полнеше од концесискиот надоместок. Иако животниот век на рудникот Бучим се продолжи со отварањето на Боров Дол, Општина Радовиш ќе биде побогата  само со хидројаловина, бидејќи само 4,5% од рудното тело е на радовишка територија.

Боров Дол зафаќа локација од територијата на трите општини: Конче, Штип и Радовиш. Но, во оваа ситуација Општина Радовиш е најголемиот губитник зашто наместо 1,2 милиони евра колку што од концесискиот надомест инкасираше годишно во општинскиот буџет сега годишно ќе добива само околу 60.000 евра.

Поради ваквата-нова ситуација, градоначалникот Герасим Конзулов вели дека Општината со допис до Владата, побарала измени и надополнувања на Законот за минерални суровини, а ќе испратат и дополнително  барање за решавање на финасискиот проблемот.

-Со постојниот Закон за минерални суровини нашата општина која има 28.244 жители загуби многу иако рудникот Бучим токму на наша територија опстојува цели 42 години. Откако се исцрпија резервите на рудните тела кои беа во реонот на Општина Радовиш, и се отвори рудникот Боров Дол, ситуацијата по нас драматично се промени на лошо, вели градоначалникот Герасим Конзулов.

Градоначалникот Конзулов рече дека бараат измени и надополнувања на Законот за минерални суровини поради фактот дека рударско-преработувачките капацитети се во рудникот Бучим кој е на територија на Општина Радовиш. Стопроцентно е и хидројаловиштето во кое се депонира хидројаловината од процесот на производството на концентратот, кој процес се врши во Бучим.

Затоа сметаме,  додава Конзулов дека е неопходно да се извршат соодветни измени и дополнувања на Законот за минерални суровини со цел закономерно и одговорно, помеѓу општините, да се изврши распределба на концесиските надоместоци.

Инку засега најголем дел од концесискиот „колач“ ќе добива Општина Конче 57,2 проценти и Општина Штип – 38,3 проценти, додека Општина Радовиш ќе добие само 4,5 проценти.

Радовиш

Пописот се одвива без проблеми. Досега се попишани околу 11.000 граѓани во општините Радовиш и Конче

Media Press

Published

на

  Пописот кој започна на 5 септември се одвива без проблеми и согласно предвидената динамика во општините Радовиш и Конче. Во  двете општини досега се попишани околу 11 илјади граѓани.

Денеска во посета на Радовиш беше и експертот за попис Данило Доленц  кој ја наблудуваше самата пописна операција при посета на  неколку домаќинства.

Претседателот на Пописната комисија за општините Радовиш и Конче Драги Стојанов, изразува балгодарност до граѓаните  што одговорно се однесуват спрема оваа статистичка операција.

Експертот за попис Данило Доленц  изрази задоволство од соработката на граѓаните со попишувачите и притоа рече дека Македонија ќе добие еден квалитетен попис.

„Денеска ми е веќе четврти ден како го обиколувам теренот во Македонија и би сакал да кажам дека пописот кој се спроведува во Македонија, а тое е мојот седми попис и имам многу искуство во изведувањето на попишувањето,  можам слободно да кажам дека овој метод кој што се употребува во Македонија е најнапредниот и најмодерниот попис, кој се прави во овој момент на просторот во цела Европа. Така да ми е големо задоволство што јас учествувам во овој голем проект кога успеавме да собереме многу податоци од овие  извори така што попишувањето оди многу брзо и  и квалитетно. Благодарма уште еднаш на домаќините за топлиот прием и знам дека овој попис ќе биде голем успех за Република Македонија“, рече експертот за попис Данило Доленц.

Државниот инструктор Кирил Ангелов задолжен за реонот 9  кој ги опфаќа општините Радовиш и Конче, рече дека се надминати  почетните техничките проблеми и пописот е во полн ек.  Досега се попишани околу 11.000 граѓани во општините Радовиш и Конче.

Тој вели дека досега во двете општини  Радовиш  и Конче нема случај на одбивње на попишувач и не попишување или инцидент.  

Пописот ќе се спроведува до 30 септември,  а до тогаш трае и електронското самопопишување на иселениците во стрнаство.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОО на Црвен крст од Радовиш го одбележа Светскиот ден за прва помош

Media Press

Published

на

ОО на Црвен крст од Радовиш го одбележа Светскиот ден за прва помош кој годинава се одбележува под мотото “Биди херој во твоето училиште и заедница” со акцент за афирмација на оваа животоспасувачка вештина меѓу младите.

 Вештините за прва помош треба да бидат достапни за сите како хуманитарен акт што ги оспособува луѓето да спасуваат животи и помагаат да се закрепнат од ненадејна болест или повреда, вели  секретарот на  Црвен крст во Радовиш Верица Беќарова.

Волонтерите од Клубот на млади од црвениот крст од Радовиш практично во сималциони вежби кои се одржаа во центарот на градот, покажаа вештини за прва помош за спасување на нечии живот.

 Светскиот ден за прва помош е можност за промовирање и застапување за знаење и вештини за прва помош за пошироката јавност. Црвениот крст  секоја година  обучува повеќе од 20 милиони луѓе ширум светот за прва помош. Поседувањето вештини за прва помош го зголемува капацитетот на поединецот да преземе брза акција за да ги намали или стабилизира сериозните повреди и да ги подобри шансите за преживување на жртвата.

Прочитај повеќе

Радовиш

Сосетка пyкaла кон комшискиот двор со воздушна пyшкa, случајот пријавен во радовишката полиција

Media Press

Published

на

На 11 септември во 20.10 часот во Полициска станица Радовиш, Д.Н.(24) од с.Ораовица пријавил дека околу 18.15 часот додека бил во своето дворно место со воздушна пушка била испукана една дијабола од неговата сосетка Ј.М. во правец на неговата куќа каде во непосредна близина бил и пријавителот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прочитај повеќе