Connect with us

Радовиш

Бучим и Боров Дол повторно започнуваaт со работа, односно го рестартираат процесот на производство

Avatar

Published

на

Почнувајќи од 25.10.2022 (вторник) ДПТУ “Бучим” ДОО Радовиш и ДПТУ “Боров Дол” ДООЕЛ Радовиш повторно започнуваaт со работа, односно го рестартираат производствениот процес, со што работата на рудниците се враќа во целосна функција. 

По скоро двомесечна пауза, по поволната промена на пазарот на електрична енергија, рудниците се враќаат во редовен работен режим. Паралелно на ова, рудниците продолжуваат со реализирање на плановите за енергетска независност, односно продолжуваат со инвестициското вложување во обновливи извори на енергија, како и модернизација на погонот флотација во Бучим, проекти кои што се веќе во тек и треба да се завршат најдоцна до октомври 2023 година, соопштуваат од двата рудника Бучим и Боров Дол.

“Во изминатите десетина дена, видовме промена на цената на електричната енергија што ни овозможи повторно да ги започнеме производствените активностите со надеж дека тенденцијата ќе продолжи и цената на регионалната берза за електрична енергија (HUPEX)  ќе се стабилизира. Во текот на овие денови ќе бидат повикани на редовна работа сите вработени во рудниците, за подготовка и отпочнување на производството. Во меѓувреме, продолжуваме со реализација на веќе започнатите капитални инвестициски проекти и сме оптимисти во врска со динамиката со која се одвиваат работите,” – изјави Олег Чусовитин, генерален директор на Бучим.

Радовиш

Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци” – Радовиш го одбележа Меѓународниот ден на книгата и авторското право

Avatar

Published

на

Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци” – Радовиш го одбележа Меѓународниот ден на книгата и авторското право.

Одбележувањето беше со објавување на резултатите од традиционалниот награден конкурс за ученици од основно образование на тема: ,,Книгата и знаењето – цел универзум” што библиотеката го распиша по повод овој Меѓународен ден.

Во рамките на ова, за најдобра песна беше прогласена творбата на ученичката Јована Ѓоргиева од ПОУ ,,Орце Николов” од село Злеово. За второ наградена песна беше песната на ученикот Ѓорге Газепов од ООУ ,,Крсте Петков – Мисирков” од Радовиш. а третопласирана беше творбата на ученичката Данче Митковска од ООУ ,,Коста Рацин”- од село Подареш.

На останатите учесници на конкурсот како и на менторите на учениците, им беа доделени признанија за учество на конкурсот.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОУ Никола Карев од Радовиш го одбележа својот патронен празник

Avatar

Published

на

ОУ Никола Карев од Радовиш со пригодна програма го одбележа својот патронен празник. Беше одржана свечена академија и спортски натпревари. Исто така беа доделени и награди и признанија за освоени прво второ и трето место во спортски натпревари и во литературен конкурс, како и благодарници за успешна соработка.

Прочитај повеќе

Радовиш

Радовишанец извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село

Avatar

Published

на

На 24.04.2024 во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45 годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во  повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Исто така во текот на вчерашниот ден имало уште неколку пријави за физички напад.

На 24.04.2024 во 23.40 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш го привеле О.С.(29) од село Покрајчево, радовишко. Тој околу 22.30 часот во село Покрајчево учествувал во физичка пресметка со К.С.(60) од село Покрајчево, со што го нарушиле јавниот ред и мир.  Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 24.04.2024 во 21.15 часот во Полициската станица Радовиш А.С.(36) од Радовиш пријавил дека околу 20.00 часот на ул. „Мирче Ацев“ во Радовиш бил физички нападнат од Е.Б. и Б.„Н“. и двајцата од Радовиш. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе