Connect with us

Радовиш

Рудниците Бучим и Боров Дол се погрижија за непрекинато снабдување со питка вода на населението во селата Бучим и Тополница

Media Press

Published

на

Рудниците Бучим и Боров Дол се погрижија за непрекинато снабдување со питка вода на населението во соседните села Бучим и Тополница во Општина Радовиш. 

На жителите им е овозможено достапност на исправна и чиста вода за пиење, со тоа што и во двете села се доставува питка вода од цистерна. Со овој чекор, се олесни потешкотијата на селаните коишто секојдневно патуваа до Радовиш, за да дојдат до чиста вода.  

Снабдувањето на населението со питка вода и решавањето на недостигот на вода за пиење во селата Бучим и Тополница e приоритетен сегмент во програмата за одржлив развој на рудниците. Во таа насока, рудниците посветено делуваат за надминување на овој проблем, а во меѓувреме, обезбедена е секојдневна дистрибуција на питка вода до населението и на двете села. 

Започнати се истражувања за пронаоѓање на извори на вода, која што е погодна за пиење, за кои што рудникот Бучим одвои 50.000 евра и во скоро време Општина Радовиш ќе  може да започне со реализација на проектот за изградба на водоводна мрежа за снабдување со вода за населените места Бучим и Тополница. Со ова ќе биде решен проблемот со недостаток на вода за населението од овие села и сите домаќинства ќе имаат пристап до безбедна и достапна вода за пиење.  

Работиме на решавање на проблемот на жителите на селата Бучим и Тополница, кои што немаат пристап до чиста и квалитетна вода за пиење. Деценискиот проблем на жителите на селата Тополница и Бучим, се предвидува во скоро време да биде перманентно решен, со тоа што ќе се постави водоводен систем и ќе имаат достап до здравствено исправна и чиста вода за пиење. Во тек се истражувања за пронаоѓање на питка вода и се обидуваме да го обезбедиме тоа на најдобар начин, за да можат соседните села да имаат стабилизирано снабдување со чиста вода,” додаде Олег Чусовитин, генерален директор на Бучим.

Снабдувањето на населението со питка вода започна од пред десетина дена и ќе трае се додека има потреба.

Радовиш

Денеска е Богојавленски водосвет, осветена е водата во сите црковни храмови

Media Press

Published

на

Денеска пред одбележувањето на големиот православен празник Богојавление или Водици беше осветена водата во сите православни храмови односно денеска е  Богојавленски водосвет. 

Денеска се осветуваат водите во црковните храмови а утре се осветуваат сите води во реките, базените и езерата.

Во црковните храмови Свети Пророк Илија и Света Троица во Радовиш  верниците кои што присуствува на утринската  божествена литургија  и на молитвата за осветување на водата, потоа си понесоа од осветената вода во своите домови за здравје, телесно и духовно спасение.

Богојавление или водици се празнува секоја година во чест на крштевањето на Исус Христот во реката Јордан уште пред околу 2000 година. Утре ќе бидат осветени водите во сите реки и базени и ќе биде фрлен светиот крст во нив . Во Радовиш светиот крст ќе биде фрлен во базенот Шампион во 11 часот.

Прочитај повеќе

Радовиш

Традиционалното фрлање на Светиот крст во Радовиш ќе се изврши во базенот „Шампион“

Media Press

Published

на

Традиционалното фрлање на Светиот крст во Радовиш за големиот христијанскиот празник Богојавление – Водици и годинава ќе биде извршено во базенот „Шампион“.  Како што информираат од Православната црква од Радовиш за Богојавленските празници на 18 јануари во двете градски цркви со почеток во 07 часот  ќе се одржат Царски часови, Литургија и Голем Водосвет.

На 19 јануари во среда во двете градски цркви ќе се одржи Утрена Литургија со почеток во 07:30 часот. Во 10:15 часот од црквата Свети Пророк Илија со Литија,  која ќе се придружи на верниците од црквата Света Троица, ќе се оди до базенот „Шампион“. Во 10:45 часот ќе се освети водата во Базенот по што  ќе биде фрлен Светиот крст во осветените води по кој ќе се фрлаат веќе подготвените и пријавени лица за да го фатат крстот.

Сите оние кои ќе влезат во базенот по Светиот крст треба да имаат потврда од матичен лекар дека се физички здрави и најдоцна до 18 јануари  до 19 часот да се пријават во црковниот храм Света Троица во Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Денеска се празнуваат два празника Обрезание Христово и Свети Василиј Велики или Василица

Media Press

Published

на

Денеска православната црква празнува два празника Обрезание Христово и Свети Василиј Велики или Василица. Според еврејските закони секое машко дете на осмиот ден од неговото раѓање се носело во храмот каде било обрежувано и му било давано име. Обрезание Христово се однесува на обрежувањето на Господ Исус Христос

Овој празник се совпаѓа со празникот на Свети Василиј Велики на кој народот му дава поголемо значење  и е попознат како Василица и е домашна слава на многу семејства. По тој повод во црковниот храм Св.Троица во Радовиш, денеска беше одржана света Василичарска божествена литургија.

Свети Василиј Велики е христијански светец, теолог и епископ од Кападокија, Мала Азија.  Како светец бил прогласен по неговата смрт. 

Уште мал се стекнал со образование, примил свештенички чин и го учел народот на божјата наука. На големата популарност му завидувал тогашниот владика во Кесарија поради што Василиј заминал во пустина каде што останал до смртта на владиката.

Потоа се вратил и бил поставен за владика, направил многу добри дела по кои црквата сеуште го споменува. Останал како пример за позитивни човекови особини поради што црквата го нарекла Велики.

Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година. Дел од останките на Свети Василиј се наоѓаат и во црквата Свети Кирил и Методиј во Струмица, пред кој верниците веќе 25 години се поклонуваат.

Традиционално спроти 14 јануари, вечерта по старата македонска традиција се меси и прави зелник, се дели лепче со паричка, кому ќе се падне паричката ќе биде кум наредната година и ќе го организира дочекот на Стара Нова година или василичарски огнови за Василица. Богата трпеза на која задолжително има домашни колбаси и друга храна подготвена од домаќинките, како и вино и грејана ракија при што се пеат староградски  и народни песни до рано изутрина.

Оваа традиција во Радовиш и околните населени места се негува со децении. Според православната црква Василичарските огнови и маски,  се сметат како наследство од предхристијанството и се пагански обичаи.

Прочитај повеќе