Connect with us

Радовиш

Рудниците Бучим и Боров Дол ги објавија резултатите од работењето во текот на 2020 година

Media Press

Published

на

Рудникот Бучим произведува концентрат на бакар што содржи злато и сребро и, чист катоден бакар.

Вкупното производство на сув бакарен концентрат во 2020 година изнесуваше 28 484  тони (91% во споредба од 2019 година), што содржи  5 903 тони бакар (91% во споредба од 2019 година), 448 кг злато (76% во споредба со 2019 година) и 862 кг сребро (92% во споредба со 2019 година).

Фабриката за лужење на Бучим и во текот на 2020 година работеше ефикасно и постигна производство на 722 тони катоден бакар со квалитет 99,99% (100 % во споредба со 2019 година).

Во изминатата 2020 година, Бучим делуваше во насока на остварување на своите цели и задачи и оствари позитивен финансиски резултат, односно добивка пред оданочување во износ од 15 милиони евра (92% во споредба со остварениот резултат во 2019 година).

Рудникот плати данок на добивка на буџетот на Република Северна Македонија во износ од 1,5 милиони евра (92% во споредба со 2019 година).

За концесискиот надоместок за употреба на минерални суровини за 2020 година, исплатени се 1 милион евра од кои 78% во буџетот на општина Радовиш и 22% во буџетот на РСМ.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во 2020 година изнесуваше 564 евра (106% во споредба со 2019 година).

Во 2020 година, вкупните ESG инвестиции достигна износ од 472 илјади евра.

Квалитетот на воздухот во Бучим се следи на три мерни станици преку 24-часовни идикативни мерења на PM10 честичките. Во текот на 2020 година, нема забележано надминување на граничните вредности за квалитет на воздухот.

Рудникот Бучим по реализација и исполнување на обврските од оперативниот план, годинава од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање доби А – Интегрирана еколошка дозвола.

Рудникот Бучим и минатата година покажа Општествена одговорност.

Бучим обезбеди поддршка за развојот на културните и спортските друштва, предучилишните, училишните, културните, јавните и здравствените институции во општина Радовиш. Рудникот активно се вклучи во борбата за справувањето со коронавирусот во Република Северна Македонија и покрај донирањето на заштитна опрема, додели и парични средства на Министерство за здравство, на здравствени домови во општините Радовиш, Штип и Струмица и на Општинска организација Црвен Крст во Радовиш.

Во 2020 година, исто така рудникот продолжи да ги обезбедува со техничка вода околните села Тополница и Бучим. Вкупно, за време на извештајниот период, за ова намена се испорачаа околу 50 илјади м³ вода.

Рудникот Боров Дол комплетно се посвети на извршување на сите задачи и успешно ги реализираше поставените планови за претстојното отпочнување со работа на рудникот.

Во 2020 година, Боров Дол во потполност ја реализираше изградбата на технолошките објекти. Завршена е изградбата на транспортната лента, објектот за примарно дробење и затворено складиште за руда. Инфраструктурните објекти и помошните згради се релизирани во обем од 95%, со состојба на 31 декември 2020 година.

Вкупната инвестиција во проектот Боров Дол достигна 69,5 милиони евра.

Боров Дол инвестираше 29,9 милиони евра во набавка на нова опрема и потроши 19,5 милиони евра за раскривка на рудното рело. Во 2020 година, Боров Дол ги заврши сите градежни работи, кои што достигнаа вредност од 17,1 милиони евра.

Во 2020 година, Боров Дол продолжи со инвестициската раскривка, при што се ископани 10 милиони тони искoпина (12,7 милиони тони во 2019 година). 

Вкупните ESG инвестиции во 2020 година изнесуваа 75.400 евра.

Во 2020 година нема пријавено инциденти или сознанија за загадување на животната средина во концесисикиот простор  на  Боров Дол.  Компанијата континуирано го следела биодиверзитетот и квалитетот на животната средина во областа на концесијата. Боров Дол вклучи ревизии и проценки од страна на независни експерти  од областа на животната средина, со цел да се следат потенцијалните ефекти и да се направат подобри еколошки одлуки за спречување на несаканите влијанија и подобрување на условите и состојбата со животната средина, како и осигурување на високо ниво на заштита на животната средина.

Во првото тримесечје од 2021 година, Боров Дол доби А-Интегрирана еколошка средина, а до крајот на годината компанијата планира да ги имплементира меѓународните системи за управување со квалитет и управување со животната средина според ISO 9001: 2015 и ISO 14001: 2015 

Боров Дол како општествено одговорна компанија постави нов систем за греење во градинката во општина Конче, осигурувајќи дека се обезбедени сите потребни услови за современ и безбеден престој на најмладите жители. Набави таблети и обезбеди годишна интернет конекција за учениците од социјално загрозените семејства во Конче. Ја поддржа реставрацијата на 200 годишната црква во Радовиш и помогна во реконструкцијата на локалната патна мрежа во Конче. Боров Дол, исто така обезбеди и заштитни маски и антисептици за локалните жители, со цел да се намали ризикот од ширењето на Ковид-19 вирусот.

Во текот на 2020 година, во Боров Дол нема пријавено сериозни повреди или смртни случаи при работа. За време на извештајниот период, вкупно 60 работници, од 101 вработени, беа дел од обуките во областа на безбедноста и здравјето при работа (БЗР).  Компанијата ги изврши сите потребни механички и електрични тестирања на работната опрема и објектите.

Радовиш

Вечерва во општините Радовиш и Конче ќе се изврши последното прскање против комарци за ова лето

Media Press

Published

на

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот, согласно Одлуката на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, организира трето адултно прскање по земјен пат против комарци.

На 03 август односно вечерва  во период од 20 до 04 часот во општините Радовиш и Конче ќе биде извршено прскањето  против комарци по земјен пат. Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземаaт соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период. 

          Согласно договорот и препорачаните интервали за навремено прскање против комарци oд страна на Центрите за јавно здравје за поголема ефикасност во заштитата на граѓаните од комарци, во општините во регионот ова е последниот третман по земјен пат, односно теристичка, аеросолна дезинсекција против возрасни комарци со УЛВ метода.

Прочитај повеќе

Радовиш

Кривична пријава за четворица државјани на Велика Британија, за „компјутерска измама“ на фирма од Радовиш

Media Press

Published

на

Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе една кривична пријава  за четворица државјани на Велика Британија, кои во периодот од август до декември 2020 година извршиле кривично дело „компјутерска измама“ по член 251-б став 3 од Кривичниот закон.
Осомничените во повеќе наврати извршиле неовластен упад во електронската комуникација помеѓу правен субјект од Радовиш и правен субјект од Лондон и со менување и прикривање, односно пренасочување на компјутерски податоци доставиле лажни фактури на кои извршиле промена на сметката на која требало субјектот од Радовиш да изврши уплата .
Врз основа на вака изготвени лажни фактури правниот субјект од Радовиш извршил 4 уплати на различни сметки во банки во Велика Британија, за кои преку меѓународна правна помош е утврдено дека се сопственост на четворицата осомничени од Велика Британија.
Со стореното дело осомничените се стекнале со противправна имотна корист во висина од 15.006.000 денари, на штета на правниот субјект од Радовиш

Прочитај повеќе

Радовиш

Општина Радовиш ќе го гради локалниот пат покрај Радовишка река до градскиот водовод, одобрени се 23 милиони денари

Media Press

Published

на

Сепак ќе се гради локалниот пат покрај Радовишка река до градскиот водовод во Радовиш, во должина од три километри. Денеска градоначалникот Герасим Конзулов го потпиша договорот за одобрување на средствата во износ од 23 милиони денари.

„Конечно одговор за сите што ме прашуваа ( и оние кои се сомневаа) дали ќе се гради патот по течението на Радовишка реката до градскиот водовод.
Денес во Скопје го потпишав Договорот со Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак“, вели градоначалникот Герасим Конзулов.

Станува збор за договори од третата група општини за реализација на инфраструктурните проекти од ТАВ програмата.

„Овој проект беше едно од ветувањата до граѓаните и посебно сум задоволен што ќе го изградиме овој патен правец кој има големо локално значење“ додава Конзулов. Работните активности ќе стартуваат од 15 септември, годинава.

Инаку овој локален пат, радовишани најчесто го користат за пешачење покрај реката, но и за посета на манастирот Свет Архангел Гаврил.

Прочитај повеќе