Connect with us

Радовиш

Општина Радовиш објави JАВЕН КОНКУРС за распределба на средства од Буџетот на здруженија на граѓани од областа на културата за 2021 година

Media Press

Published

на

Општина Радовиш денеска 17 март  објави JАВЕН КОНКУРС за распределба на средства од Буџетот на општината, на здруженија на граѓани од областа на културата за 2021 год. Конкурсот е објавен согласно донесената годишна Програма за активности од областа на културата во општина Радовиш и донесениот Буџет за 2020 година.

Потребни документи за поднесување се :

– Програма за работа со финансиски план за 2021 год. (усвоен од Управен одбор);

Се напоменува дека заради сеуште актуелната ситуација со пандемијата од Covid 19 и намалените предвидени програмски активности, приоритет ќе биде даден на проекти за набавка на опрема и инвентар, одржување на простории и подобрување на услови за работа, издаваштво и публикации и сл.

– Финансиски извештај за потрошените средства добиени од ЕЛС општина Радовиш во текот на 2020 година (усвоен од Управен одбор);

– Тековна состојба од Цент.регистар на Р.С.М. (не постара од 6 месеци);

– Kопија од завршна сметка (доколку имат приход поголем од 2,500€) или Одлука од Цент.регистар на Р.С.М. (доколку год. приход е помал од 2,500€);

 – потврда за отворена и активна жиро сметка.

Период за доставување на документите е 7 (седум) дена од денот на објавувањето на јавниот конкурс, заклучно со 23 март годинава.

Пријавите се поднесуваат на адреса : ЕЛС општина Радовиш Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш. Со назнака : За јавен конкурс бр.

Пријавите со нецелосна документација како и оние што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани, стои во објавата на конкурсот.

Радовиш

Вечерва во општините Радовиш и Конче ќе се изврши последното прскање против комарци за ова лето

Media Press

Published

на

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот, согласно Одлуката на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, организира трето адултно прскање по земјен пат против комарци.

На 03 август односно вечерва  во период од 20 до 04 часот во општините Радовиш и Конче ќе биде извршено прскањето  против комарци по земјен пат. Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземаaт соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период. 

          Согласно договорот и препорачаните интервали за навремено прскање против комарци oд страна на Центрите за јавно здравје за поголема ефикасност во заштитата на граѓаните од комарци, во општините во регионот ова е последниот третман по земјен пат, односно теристичка, аеросолна дезинсекција против возрасни комарци со УЛВ метода.

Прочитај повеќе

Радовиш

Кривична пријава за четворица државјани на Велика Британија, за „компјутерска измама“ на фирма од Радовиш

Media Press

Published

на

Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе една кривична пријава  за четворица државјани на Велика Британија, кои во периодот од август до декември 2020 година извршиле кривично дело „компјутерска измама“ по член 251-б став 3 од Кривичниот закон.
Осомничените во повеќе наврати извршиле неовластен упад во електронската комуникација помеѓу правен субјект од Радовиш и правен субјект од Лондон и со менување и прикривање, односно пренасочување на компјутерски податоци доставиле лажни фактури на кои извршиле промена на сметката на која требало субјектот од Радовиш да изврши уплата .
Врз основа на вака изготвени лажни фактури правниот субјект од Радовиш извршил 4 уплати на различни сметки во банки во Велика Британија, за кои преку меѓународна правна помош е утврдено дека се сопственост на четворицата осомничени од Велика Британија.
Со стореното дело осомничените се стекнале со противправна имотна корист во висина од 15.006.000 денари, на штета на правниот субјект од Радовиш

Прочитај повеќе

Радовиш

Општина Радовиш ќе го гради локалниот пат покрај Радовишка река до градскиот водовод, одобрени се 23 милиони денари

Media Press

Published

на

Сепак ќе се гради локалниот пат покрај Радовишка река до градскиот водовод во Радовиш, во должина од три километри. Денеска градоначалникот Герасим Конзулов го потпиша договорот за одобрување на средствата во износ од 23 милиони денари.

„Конечно одговор за сите што ме прашуваа ( и оние кои се сомневаа) дали ќе се гради патот по течението на Радовишка реката до градскиот водовод.
Денес во Скопје го потпишав Договорот со Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак“, вели градоначалникот Герасим Конзулов.

Станува збор за договори од третата група општини за реализација на инфраструктурните проекти од ТАВ програмата.

„Овој проект беше едно од ветувањата до граѓаните и посебно сум задоволен што ќе го изградиме овој патен правец кој има големо локално значење“ додава Конзулов. Работните активности ќе стартуваат од 15 септември, годинава.

Инаку овој локален пат, радовишани најчесто го користат за пешачење покрај реката, но и за посета на манастирот Свет Архангел Гаврил.

Прочитај повеќе