Connect with us

Радовиш

Црвен крст одбележува 76 години од своето постоење

Media Press

Објавено на

Црвениот крст на Република Македонија одбележува 76 години од своето основање и 26 години од полноправно членство во Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина.

17 март е значаен ден за Црвен крст -Општинска организација Радовиш, датум кој го одбележува постоењето, дејствувањето, а воедно и успехот на сите волонтери, вработени, поддржувачи и безброј активисти.

Воедно и Ден на крводарителството кога Црвен крст изразува благодарност кон армијата на хумани луѓе кои даруваат крв и со својата хуманост спасуваат човечки животи.

Во овој изминат период реализирани се голем број на хуманитарни акции, дадени се услуги на многу семејства на стари лица, дистрибуција на храна и лекови на болни лица од Ковид, загрозени семејства, лица со попреченост. Изминатата година беше одбележан и со придобивата на национално ниво со донесувањето во Парламентот, на законот за регистрација на моторните возила и посебно законот за безбедност во сообраќајот каде се регулирани одредбите за полагање на прва помош за возачи која сега е организирана на највисоко ниво на професионалност и опременост и е дадена целосно во надлежност на националното друштво, а со тоа и на Општинските организации на Црвен крст.

„Крводарителството во минатата година беше со високо ниво на хуманост и солидарност на сите крводарители во државата. Одговорено е на сите акции и повици за да се дарува крв, редовни акции и вонредни поради зголемена потреба од одредена крвна група заради операции или лекување на болни. Горди сме на нашите сограѓани за покажаната висока свест и совест за дарување крв и во услови на пандемија. Да бидеме одговорни и да се чуваме“, велат од Црвен крст -Општинска организација Радовиш по повод 17 март ден на формирањето на Црвениот крст на Република Македонија  и ден на крводарителството.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе