Радовиш
По втор пат ризична шахта во центарот на Радовиш, овој пат со пропадната решетка
Published
3 години agoна
By
Media PressПовторно до редакцијата на mediapres.mk од наш читател пристигнаа фотографии овој пат со пропадната решетка на шахта во центарот на Радовиш, кој претставува вистинска опасност за граѓаните. Станува збор за шахта за атмосверска вода на плоштадот „Свети Спасо Радовишки“.
И овој пат нашиот читател со оваа Реакција сакаше да апелираме до надлежните да го санираат проблемот, за да не дојде до несакана несреќа на некој минувач.
Инаку за претходната шахта добивме информација дека веднаш е реагирано и истата е вратена во првобитна состојба, со затворен капак.
Поврзани содржини
Градоначалникот на Општина Конче со апел до граѓаните да не ги ОПОЖАРУВАТ (палат) своите земјоделски површини и пошумени имоти
Општина Радовиш со АПЕЛ за заштита од пожари на отворен простор
Предупредување од МВР: Не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ, станува збор за обид за измама во меѓународни рамки
УЈП со апел да граѓаните за лажна веб страница: НЕ ОТВАРАЈТЕ СМС ПОРАКИ КОИ ПОВИКУВААТ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ПРИЈАВА ОД УЈП
ТППЕ од Радовиш со предупредување за екстремно високите температури
АПЕЛ до корисниците од Шаин Маало, Корчо Маало, Коџа Баир и од крак од Калузлиска
Радовиш
Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна
Published
2 дена agoна
април 17, 2024By
Media PressДолгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.
Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.
Радовиш
Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш
Published
4 дена agoна
април 15, 2024By
Media PressИзложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.
Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.
Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.
Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.
Радовиш
Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш
Published
5 дена agoна
април 14, 2024By
Media PressОпштинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.
Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.
Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.