Connect with us

Радовиш

Советот на Општина Радовиш даде поддршка за отварање на една дуална паралелка, геолошко рударски техничар

Avatar

Published

на

Советот на Општина Радовиш на денешната  итна седница едногласно ја изгласа Предлог одлуката за дополнување на Одлуката за давање согласност на Предлог планот за запишување на ученици во прва година во учебната 2021/2022 година во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш.

Станува збор за отварање на Геолошко- рударска и металуршка струка, образовен профил, геолошко рударски техничар, една дуална паралелка со 34 ученика на македонски наставен јазик.

Образложение за итноста на седницата даде претседателот на Советот Викица Манолева, а директорот на средното училиште Гоце Лазаров,  ја образложи потребата од отварање на една ваква дуална паралелка. Тој појасни дека учениците кои ќе се запишат во оваа паралелка истовремено ќе имаат и пракса во рудниците  Бучим и Боров Дол и истата ќе им биде платена.

 Советникот Бојан Митевски рече дека како советничка група ја поддржуваат ваквата одлука за отварање на стручни паралелки, но и да не се укинуваат веќе постоечките. Тој праша дали и колку е сигурно дека Министерството за образование  ќе ја испочитува оваа одлука.

Предлог одлуката за отварање на нова Геолошко- рударска и металуршка струка, образовен профил, геолошко рударски техничар, една дуална паралелка  едногласно беше изгласана од страна на советниците.

Радовиш

Пријавила во полиција дека на ул.„Калаузлиска“ во Радовиш била физички нападната

Avatar

Published

на

На 28.03.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Радовиш, Ф.К.(20) од Радовиш пријавила дека на ул.„Калаузлиска“ во Радовиш била физички нападната од М.А. од Радовиш. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прочитај повеќе

Македонија

Ценовник за ППР за Парламентарни избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Парламентарни избори- 2024) за избори на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Ценовник за ППР за Претседателски избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Претседателски избори 2024) за избори за Претседател на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе