Connect with us

Радовиш

Работна средба со раководството на Солвеј и здружението Градиком во општинската зграда во Радовиш

Avatar

Published

на

На иницијатива на градоначалникот Герасим Конзулов се одржа работна средба со директорот на рудникот Бучим, Николајчо Николов, директорот на Боров Дол, Павел Кривинскиј, претседателот на Советот на Општина Радовиш, Коле Чаракчиев и претставници на Здружението на архитекти и градежни работници „Гардикон“- Радовиш.

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката помеѓу локалните градежни фирми и новата рударска инвестиција на фирмата Солвеј- Боров Дол ДООЕЛ.

За време на разговорот градежните работници се заложија за вклучување на локалната градежна оператива во изградбата на новиот површински коп со транспортната лента и искажаа благодарност за досегашната успешна соработка со рудникот Бучим.
Градоначалникот Конзулов кој ја водеше средбата, истакна дека во оваа кризно време е од посебна важност локалните фирми да бидат оперативно вклучени во изведбата на новиот рударски коп Боров Дол, притоа истакнувајќи ја клучната улога на рудникот Бучим за развитокот на локланата економија и општината.


Директорот Кривинскиј направи пресек на досегашната работа на фирмата и истакна дека има план за интеграција на вработените од Бучим во Боров Дол и обука на нови кадри за потребите на рудникот.
Директорот Николов ја потврди политиката на фирмата Солвеј и заложбите на раководството на компанијата за општествено одговорно работење и помагање на локалната заедница.


Претседателот на Советот, Чаракчиев ја поздрави иницијативата за интензивирање на соработката помеѓу локалната бизнис заедница и менаџментот на компанијата Солјев со надеж дека новата инвестиција ќе даде импулс за нов одржлив развој на општината.
Дополнително, беа разменети мислења и околу актуелните случувања во општината и економските мерки за справување со кризата на локално ниво.

Радовиш

Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна

Avatar

Published

на

Долгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.

Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.

Прочитај повеќе

Радовиш

Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш

Avatar

Published

на

Изложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.

Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.

Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.

Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.

Прочитај повеќе

Радовиш

Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш

Avatar

Published

на

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.

Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.

Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.

Прочитај повеќе