Connect with us

Радовиш

Рудникот Бучим со позитивен финскиски резултат за 2019 година, иако ископува една од најсиромашната руда со бакар во светот

Avatar

Published

на

И покрај, фактот што рудникот Бучим ја ископува една од најсиромашната руда со бакар во светот, во минатата 2019 година, според годишниот извештај за 2019 година, компанијата оствари позитивен финансиски резултат, добивка пред оданочување во износ од 16,106 милиони евра (83% во споредба со остварените резултати во 2018 година).

Вкупната количина на преработена руда од Бучим во 2019 година изнесуваше 4,248 милиони тони (101% во споредба со истиот период од 2018 година), со послаба содржина на бакар за 94% во однос на квалитетот на преработената руда во 2018 година, и послаба содржина на злато 81 % во однос на  2018 година, што резултираше со производство на 31 226  тони сув бакарен концентрат  (92% во споредба од 2018 година).

 Во 2019 година, заврши експлоатацијата на рудното тело Бунарџик, oд кое вкупно се ископани 12,719 милиони тони руда – 102% од предвидените резерви. Во 2019 година фабриката за лужење на Бучим произведе 719 тони катоден бакар со квалитет 99,99% (94% во споредба од 2018 година).

Во 2019 година, со цел за да се обезбеди оперативната ефикасност и да се продолжи животниот век на работењето на компанијата најмалку до 2030 година, Бучим ДОО Радовиш започна со развој на новиот проект Боров Дол, кој ќе го наследи 40-годишниот рудник Бучим, кој моментално е во завршен процес. Вкупната инвестиција во проектот Боров Дол во 2019 година изнесуваше 33,6 милиони евра и беше  реализираан околу 99,3% од годишниот план за раскривка. Стратегијата на компанијата е да се изврши транзиција кон новиот проект, притоа да се минимизираат влијаниата врз животната средина, да се зачуваат работните места на повеќето вработени во рудникот Бучим, а исто така и да се создадат и нови можности за работа за жителите на локалните општините.

Во изминатата 2019 година, рудникот плати данок на добивка на буџетот на Република Северна Македонија во износ од 1,661 милиони евра (84% во споредба со претходната година). Kомпанијата исплати 1,222 милиони евра за концесиски надоместок за употреба на минерални суровини за 2019 година, од кои 78% се исплатени во буџетот на општина Радовиш и 22% во државниот буџет.

Просечната месечна плата во 2019 година изнесуваше 534 евра. Во 2019 година на вработените е исплатен регрес за користење на годишен одмор во износ од 106 илјади евра.

Во 2019 година, компанијата инвестираше 110.000 евра во општествено одговорни практики. Изминатата година, компанијата поддржа спортисти, спортски клубови, млади музички таленти, инвестираше во образовни програми, обезбеди материјална помош на градската болница, обезбеди набавка на потребна опрема и инвентар за училиштата и градинките; учествуваше во поправка на објекти, обезбеди нов систем за греење на пелети за градинка и даде поддршка за развојот на културните програми во локалната заедница.

Во 2019 година, Бучим инвестираше 130.000 евра во областа на безбедноста и здравјето при работа. Трошоците за ремонти и одржување во 2019 година изнесуваа 4,035 милиони евра.

Во 2019 година, инвестициите за поддршка на производниот капацитет (набавка на опрема, машини, градежништво и сл.) достигнаа до износ од 670.000 евра. Инвестирани се 106.000 евра во програми за заштитна на животна средина.

Од 10 март 2020 година, компанијата во согласност со мерките од надлежните органи воведе мерки за заштита и превенција од ширење на коронавирусот

Бучим донираше 50.000 евра со цел да помогне во справувањето со коронавирусот во Република Северна Македонија. 40.000 евра се донирани на посебната донаторска сметка на Министерство за здравство и финансиска помош во висина од 10.000 евра е донирана на сметките на локалните здравствени домови во општините Радовиш, Штип и Струмица.  450 медицински заштитни маски за лице, се донирани за потребите на локалните институции во општина Радовиш и 150 заштитни одела на Клиничката болница во Штип.

Според планот за производство, во 2020 година е предвидено да се произведе 31 126 тони бакарен концентрат и 675 тони катоден бакар.

Од почетокот на 2005 година, рудникот Бучим е во сопственост на меѓународната компанија Солвеј Инвестмент Груп.

Радовиш

Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна

Avatar

Published

на

Долгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.

Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.

Прочитај повеќе

Радовиш

Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш

Avatar

Published

на

Изложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.

Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.

Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.

Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.

Прочитај повеќе

Радовиш

Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш

Avatar

Published

на

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.

Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.

Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.

Прочитај повеќе