Connect with us

Гевгелија

Нацрт-Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година проектиран на околу половина милијарда денари

Avatar

Published

на

Советот на Општина Гевгелија, на одржаната 20-та седница, со мнозинство гласови го усвои Нацрт-Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година, кој е проектиран на 496.664.933 денари. Додека, вкупните приходи на Основниот буџет за 2023 година се проектирани во висина од 203.681.049 денари.

Во Основниот буџет, капиталните приходи учествуваат со 9,65% или 19.650.000 денари, додека во билансот на расходи, капиталните расходи со 25,42% или 51.785.315 денари.

Во расправата по Нацрт-Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година, учествуваа повеќе членови на Советот на Општината, давајќи конкретни предлози, забелешки и идеи за дополнување на Нацрт-Буџетот. Притоа, градоначалникот Андон Сарамандов, апелираше до членовите на Советот на Општина Гевгелија изнесените предлози да бидат поднесени во писмена форма за разгледување и вметнување во Нацрт-Буџетот, кој ќе биде на јавна расправа до наредната седница.

„По отворените викенд-средби со граѓаните, од утре, а во рамките на јавната расправа, започнуваат и средбите со Месните заедници за евидентирање на нивните предлози во Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година. По јавната расправа, се очекува Предлог-Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година, пред крајот на годината, повторно да се најде пред советниците за конечно усвојување“, информираше градоначалникот на Општина Гевгелија.

Покрај отворените викенд-средби и средби во Месните заедници, граѓаните можат да учествуваат во креирањето на буџетската рамка на Општина Гевгелија во идната година и преку веб-платформата за граѓанско учество. Сите предлози, сугестии и забелешки ќе бидат разгледани и вградени во Предлог-Буџетот на општина Гевгелија за 2023 година, пред неговото конечно усвојување од страна на Советот, информираат од општината.

Гевгелија

Исчезнало лице од Гевгелија, случајот пријавен во полиција

Avatar

Published

на

На 14.03.2024 во 09.30 часот во Полициската станица Гевгелија, С.З.С.(44) од Гевгелија пријавила дека од јули 2023 година од домот се оддалечил нејзиниот братучед Р.М.(46) од Гевгелија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Завршена изградбата на браната „Конско“, најголем водостопански проект изграден во државата во последните 20 години

Avatar

Published

на

Завршена изградбата на браната „Конско“, најголем капитален проект во последните 50 години, како што беше речено на вчерашниот настан по повод завршувањето од изградбата на браната, со придружни објекти и акумулација на река Конско.

Модерно наводнување на најмалку 6 500 хектари во текот на целата година, зголемување на обработливите површини за пет пати, помали трошоци и поконкурентно производство, ќе овозможи браната „Конско“ чија изградба и официјално е завршена.

Инвестиција вредна над 40 милиони евра, обезбедена директно од Буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Новата вештачка акумулација е изградена со користење најсовремени технолошки методи, по светски стандарди. Водата од акумулациското езеро, освен за наводнување, ќе се користи и за производство на електрична енергија.

Со грант од Кралството Шпанија предвидена е изградба на пловечки фотоволтаици со што ќе се намали цената на водата за наводнување, а ќе се зголеми енергетската независност на државата, беше речено на настанот. Планирани се и 2 мали хидроцентрали во рамките на хидросистемот.

 Покрај гевгелискиот регион, акумулацијата ќе може да ги снабдува со вода за наводнување и Богданци и околината, како и  дојранскиот регион. На настанот свои обраќања имаа претседателот, Стево Пендаровски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и извршниот директор на фирмата изведувач на проектот, Хасан Адали.

Браната „Конско“ е дел од Хидромелиоративниот систем „Гевгелиско поле“ и е една од најсериозните инвестициии во македонското земјоделство, но и на енергетски план. Акумулацијата ќе овозможи и развој на руралниот туризам, спортски и рекреативен риболов.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Во атар на село Моин, гевгелиско, бил пронајден починат српски државјанин

Avatar

Published

на

На 29.01.2024 во 10.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во објект на фарма за свињи во атар на село Моин, гевгелиско, бил пронајден починат П.С.(67) од Република Србија, кој работел како стручен консултант во фармата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Прочитај повеќе