Радовиш
Избрани најталентираните ученици корисници на стипендијата Солвеј, преку рудникот Бучим
Објавено на
Од
Media PressПобедниците кои што беа дел од програмата за стипендирање на талентирани ученици на компнаијата Солвеј, преку рудникот Бучим од Радовиш во 2020 се, Тамара Велкова од Радовиш и Драган Петров од Конче.
На Мила Ангелова од Радовиш, како признание за нејзините импресивни достигнувања и е доделен интензивен курс по англиски јазик.
Годинава, 17 апликанти беа примени во првата фаза од Северна Македонија, од кои 11 го продолжија и успешно го завршија курсот по англиски јазик и се здобија со сертификати за познавање на англиски јазик.
Оваа година и покрај пандемијата од Корона вирусот, образовната стипендиска програма организирана од Солвеј се одржа непрекинато. Организаторите на програмата ја продолжија наставата онлајн и ја прилагодија програмата согласно новонастанатите услови, за да можат да ги исполнат дадените ветувања на учесниците.
Учесниците покажаа изворедна посветеност во процесот на изучување на англискиот јазик, ги почитуваа сите упатства за изборниот процес и доставија прекрасни видео изведби. Присуствуваа редовно на часовите и сите кандидати значително ги подобрија своите јазични вештини.
„Летниот Салцбуршки оперски камп е откажан, но сепак Салцбуршкиот фестивал и Солвеј, ќе им организираат на победниците бесплатно патување во Салцбург. Организаторите на програмата мораа да пронајдат најдобар начин за исполнување на своите ветувања, бидејќи летниот оперскиот камп нема да биде организиран заради ограничувањата со патувањето. Се направи посебна, редизајнирана програма, за стипендистите на Солвеј, која ќе им овозможи на младите љубопитни таленти интеграција во широкиот спектар на професии што ги нудат оперските куќи ширум светот. За време на нивната посета на Салцбург, покрај посетите на пробите и обуките, победниците ќе имаат можност да бидат дел работилници организирани од Салцбуршкиот фестивалот, во кои професионални театарски занаетчии ќе им ја покажат производната страна на оперската магија на младите таленти. Патувањето во моментов е планирано за јануари 2021 година“, рече заменик генералниот директор на рудникот Бучим Николајчо Николов.
Тамара Велкова и Драган Петров од Македонија, заедно со другите победници од Украина и Гватемала, ќе имаат можност за едно незаборавно искуство.
Поврзани содржини

5000 САДНИЦИ НА ГОТЕН: „БУЧИМ“ и ЈП „Национални шуми“ ја обновуваат опожарената површина

Рудникот „Бучим“ од Радовиш, во партнерство со Музејот на љубовта и уметноста, ја најавува изложбата на детски уметнички творби „Иднината е сега“ која ќе биде отворена вечерва

480 новогодишни пакетчиња за дечињата во детската градинка „Ацо Караманов“ -Радовиш донација од рудникот Бучим

Донација комбе, од Рудникот Бучим за потребите на Општина Радовиш

Нов управител застанува на чело на двата рудника Бучим и Боров Дол од Радовиш

Рудниците Бучим и Боров Дол ја продолжуваат традицијата за донирање на новогодишни пакетчиња, започнаа од градинката во Конче
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

