Connect with us

Радовиш

Информација за електронска наплата на сметки преку веб страницата на ЈП „Плаваја“

Avatar

Published

на

 ЈП Плаваја ги информира граѓаните на кој начин ќе можат  да извршат наплата на своите фактури електронски, без да одат до наплатните пунгтови и банките.

„Почитувани корисници на услугата електронска наплата на сметки, за најава во системот валидна е Вашата лозинка доколку сте ја промениле автоматски генерираната лозинка, доколку не сте извршиле персонализација, односно промена на Вашата автоматски генерирана лозинка, тогаш за најава во системот во месец Март 2020 година валидна е лозинката која е испечатена на сметката за месец Февруари 2020 година и така соодветно секој месец додека не се промени лозинката со Ваша лична лозинка“, стои во известувањето од ЈП Плаваја.

„СМЕТКИТЕ ЗА МЕСЕЦ ФЕВРУАРИ СЕ ПОДГОТВЕНИ И ИСПЕЧАТЕНИ И ОЧЕКУВАЈТЕ ЈА НИВНАТА ДОСТАВА ДО ВАШИТЕ ДОМОВИ“.

Kорисниците од Ораовица и Калуѓерица ќе можат да се најавуваат со лозиниките од сметкитe за месец Јануари 2020 година до 20 Март 2020 година.

Уште еднаш Ви препорачуваме при првата најава на веб страницата, за услугата електронска наплата на сметки, ВЕДНАШ извршете промена на автоматски генерираната лозинка со Ваша лична лозинка за да можете да се најавувате во секое време!појаснуваат од ЈП Плаваја.

Радовиш

Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна

Avatar

Published

на

Долгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.

Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.

Прочитај повеќе

Радовиш

Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш

Avatar

Published

на

Изложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.

Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.

Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.

Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.

Прочитај повеќе

Радовиш

Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш

Avatar

Published

на

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.

Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.

Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.

Прочитај повеќе