Connect with us

Радовиш

ЈП Плаваја, Радовиш: ИЗВЕСТУВАЊЕ ВО ВРСКА СО ЗОНСКОТО ПАРКИРАЊЕ

Avatar

Published

на

ЈП Плаваја Радовиш пред официјалното започување на зонското паркирање во градот се соочуваат со проблеми околу оштетување на поставените тебли и сообраќајна сигнализација на улиците кои се обележани за зонско паркирање. Граѓаните од различни причини негодуваат на овој проект и тоа го искажуваат со уништување на таблите.

Од тие причини ЈП Плаваја излезе со известување до граѓаните во кое се вели:

„Во согласност со одлуките на Советот на општина Радовиш и одобрениот сообраќаен проект, ЈП”Плаваја” во рамките на своите надлежности меѓу кои спаѓаат и јавните паркиралишта во согласност со Законот за комуналните дејности, формира организациона структура на ниво на Одделение за јавни паркинзи кое ќе ги спроведува одлуките и правилниците во врска со начинот на користење и паркирање на јавните паркинзи во Радовиш, усвоени од страна на Советот на општина Радовиш на предлог на Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов.

Во соработка и постојана комуникација со Градоначалникот и општинската администрација, во изминатиот период направена е хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на локациите на кои е планирано зонското паркирање.

Во последните денови се поставуваат и информативните табли за начинот на паркирање (кои патем веќе ги оштетувате, вртите и на разни начини ја искажувате својата “креативност” во уништување на таблите, нешто што е обврска на општината и нејзините јавни претпријатија да го уредуваат јавниот простор, а на Вас кои сте над законот тоа ништо не Ви значи).

Поставувањето на информативните табли не значи и почеток на зонското паркирање туку подготовка за негово започнување.Сите правни и технички работи се во завршна фаза и Вие како крајни корисници ќе бидете навреме информирани за официјалниот почеток на зонското паркирање. Дотогаш Ве замолуваме да не ширите дезинформации и да не подлегнувате на улични муабети во врска со зонското паркирање. Единствена цел на зонското паркирање е решавање на сообраќајниот хаос и сообраќајната некултура кои за жал постојат во нашиот град и општина и најважно од се да не ја уништувате вертикалната сигнализација бидејќи нанесувате само штета, на таа локација ќе се постави нова табла или нов сообраќаен знак.

Ниту еднаш намерата ниту пак целта не била и не е богатење на грб на граѓаните или остварување на приходи, приходите и расходите се јавни и секогаш достапни преку објавување на финансиските извештаи на нашата интернет страница. Време е да покажеме дека имаме општествен и културен капацитет и како цивилизирани жители на оваа општина да започнеме да се однесуваме како што доликува и кон прописите и кон урбаната средина“, стои во известувањето и реакција од ЈП Плаваја во врска со актуелниот проект „Зонско паркирање“ кој предизвика различни реакции кај граѓаните.

Инаку пред неколку дена на последната седница на Совет, советниците го изгласаа ценовникот за паркирање и според него ќе се плаќа по 30 денари од час во прва зона и по 20 денари од час за втора паркинг зона. Граѓаните кои што немаат услови за сопствен паркинг ќе плаќаат по 300 денари месечно или по 3.600 денари годишно и ќе имаат право да се паркираат било каде на улицата на која што живеат, каде ќе има слободно место. Доколку имате и второ возило за него ќе платите 500 денари месечно или 6.000 денари годишно. А за резервирање на паркинг пред вашиот дом или деловен објект тоа ќе ве чини 40.000 денари годишно.

Радовиш

Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна

Avatar

Published

на

Долгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.

Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.

Прочитај повеќе

Радовиш

Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш

Avatar

Published

на

Изложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.

Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.

Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.

Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.

Прочитај повеќе

Радовиш

Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш

Avatar

Published

на

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.

Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.

Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.

Прочитај повеќе