Connect with us

Радовиш

Извршена Аеросолна дезинфекција во Радовиш и во населените места

Media Press

Објавено на

Во текот на ноќта и денеска  ЈП Плаваја во координација со Општина Радовиш, ја заврши аеросолната дезинфекција на територијата на цела општина, со која беа опфатени сите населени места и градот.

Аеросолната дезинфекција се изведе со огромна техничка помош и работна сила кои за овие потреби беа ставени на располагање на ЈП”Плаваја” од страна на компанијата “АГРОДИВИС” (концесионер на поранешното “стопанство)”, информира ЈП Плаваја.

„Оваа компанија одговори веднаш на нашите барања и е еден од ретките примери на компании, кои во ова време ја покажуваат својата општествена одговорност кон нашите граѓани и потреби.

Особено сакаме да искажеме јавна благодарност до Ѓорги Цветков од Струмица кој беше директна врска помеѓу “Агродивис” и ЈП”Плаваја” и без чие залагање оваа активност немаше да биде завршена.

Исто така благодарност и до нашиот сограѓанин Владко Петров од Воиславци кој речиси 24 часа управуваше со машината за аеросолно прскање“ велат од Јп Плаваја.

Јп Плаваја упати  благодарност и до сите жители на општината  со кои како и секогаш имаат добра соработка.

„САМО ЗАЕДНО И ОДНЕСУВАЈЌИ СЕ ОДГОВОРНО КОН СИТЕ ПРЕПОРАКИ И МЕРКИ, МОЖЕМЕ ДА УСПЕЕМЕ ДА СЕ ОДБРАНИМЕ И ДА ГИ НАМАЛИМЕ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ШИРЕЊЕТО НА ЗАРАЗАТА СО БОЛЕСТА КОВИД-19 НА ТЕРИТОРИЈАТА НА НАШАТА ОПШТИНА, А СО ТОА ДА И ПОМОГНЕМЕ И НА НАШАТА ТАТКОВИНА.

ИМ ГО ЧЕСТИТАМЕ ДЕНЕШНИОТ ПРАЗНИК НА СИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ, КОИ СЕ НАШАТА НАДЕЖ ВО ОВИЕ МОМЕНТИ И КОИ НЕСЕБИЧНО ГИ РИЗИКУВААТ СВОИТЕ ЖИВОТИ И ЗДРАВЈЕТО НА СВОИТЕ СЕМЕЈСТВА ЗА ДА ГИ НАМАЛАТ И СПРЕЧАТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ШИРЕЊЕТО НА ЗАРАЗАТА НА БОЛЕСТА КОВИД-19“, стои во апелот од ЈП”Плаваја” Радовиш и од Општина Радовиш.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе