Connect with us

Македонија

Од денеска забрана за движење од 16 часот, од Општина Радовиш апелираат граѓаните да внимаваат

Avatar

Published

на

Забраната за движење на населението на територија на целата држава, од денеска почнува во 16 и завршува во 5 часот наутро во работните денови. Во деновите од викенд (сабота и недела) ќе има целодневен полициски час за сите граѓани, односно од 16 часот во петок до 5 часот во понеделник. Од Општина Радовиш апелираат до граѓаните да бидат внимателни, бидејќи се предвидени високи казни, за оние кои што нема да ги почитуваат мерките.

Согласно одлуката на Владата, лицата над 67-годишна возраст од денеска можат да се движат надвор само од 10 до 12 часот од понеделник до петок, а младите до 18 години во работни денови ќе може да излезат од дома само од 13 до 15 часот.

На јавни места е забрането движење на повеќе од двајца граѓани во групи, освен ако се работи за родител со свои деца кои имаат до 14 години. За земјоделските активности, дозволено е движење во територијата на селата и тоа само за работни потреби.

Забраната не важи за полицијата, армијата, здравствените работници, како и за маркетите и рестораните кои се доставувачи на производи. Аптеките ќе работат непречено.

Исклучоците важат за вработените лица во МВР, припадниците на Агенцијата за национална безбедност, Министерството за здравство, Министерството за одбрана, противпожарните територијални единици, Царинската управа, земјоделските лица и фармери кои работат и се движат во атарот на руралните средини и оние кои одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности за одгледување на истите во овој период, млеко производителите, како и другите лица и институиции опфатени во исклучоците за овие мерки и забрани, соопшти Владата.

Што се однесува до маркетите, тие треба да го прилагодат своето работно време согласно забраните за движење на територијата на државата и непречено да го организираат работниот процес.

Општинските кризни штабови треба да определат маркети кои ќе обезбедуваат најнеопходни намирници за врема на забраната за движење, а оние маркети кои се регистрирани да вршат достава на храна преку он-лајн порачки, непречено да ја извршуваат својата работа во сабота и недела. Штабовите, заедно со МВР, треба да го организираат движењето на лицата волонтери што ќе ги доставуваат најнеопходните намирници до домовите на граѓаните.

Министерствата и останатите органи на државната управа, пак, треба да го прилагодат работното време согласно со забраната за движење, односно административните и јавните службеници треба да завршат со работните задачи и обврски навреме, со цел да можат да стасаат дома пред 16 часот кога почнува полицискиот час, се наведува во соопштението на Владата. Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, вчера соопшти дека се издадени вкупно 27 илјади дозволи за движење за време на полицискиот час, за различни категории претставници на институции или други категорија граѓани.

Македонија

Ценовник за ППР за Парламентарни избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Парламентарни избори- 2024) за избори на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе

Македонија

Демократски Сојуз: Коалицијата со СДСМ ја напуштивме пред повеќе од една година

Avatar

Published

на

 Во интерес на објективно информирање, Демократскиот сојуз ја известува јавноста дека не сега, туку пред повеќе од една година, на 13.02.2023 година, ја напуштиле коалицијата предводена од СДСМ.

„Причините за напуштање на коалицијата беа неисполнување на коалицискиот договор и погрешните политики на СДСМ, пред сѐ блокадата на измените на Изборниот законик со кој предлагавме Македонија да биде една изборна единица, противењето на реформи во правосудниот систем, високата криминализација и отсуството на борба против високата корупција, непринципиелната коалиција при реконструкцијата на владата и неводењето сметка за соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници во власта, како и блокадата на евроинтеграциските процеси со прифаќање на Преговарачката рамка без поширок граѓански и политички консензуз“ велат од Пертијата.

Инаку, за соработка и заеднички настап на претстојните парламентарни избори Демократскиот сојуз има приоритети меѓу кои се: темелни уставни реформи со донесување на нов Устав (без Бадентер и Балансер), реформи во судскиот систем и реизбор на судиите и обвинителите, изградба на ефикасен систем за борба против корупцијата и формирање Агенција за борба против тешките облици на криминал, вклучување на младите во власта (најмалку 30% во советите на општините и парламентот) и посебни предуслови за отворање на бизнис, реформи на администрацијата (укинување на 50% од министерствата, агенциите, регулаторните тела итн.), намалување на бројот на пратениците на 90, но и Македонија да биде една изборна единица, како круцијален предуслов за демократизација и промена на власта, најавува ДС.

„Во оваа насока се и нашите цврсти партиски определби за полноправно членство во ЕУ, продолжување на реформите во одбраната како членка на НАТО и водење надворешна политика согласно нашите стратешки цели и интереси усогласена со политиките на ЕУ и стратешките партнери, пред сѐ на САД.

Демократскиот сојуз како автентична политичка партија, препознатлива по своите политички ставови и определби е подготвена за парламентарните избори.

До крајот на оваа недела јавноста ќе биде информирана за тоа како и со кои партии ќе настапиме на изборите, но во интерес на државата и граѓаните е да се формира широк промакедонски опозиционен блок, преку кој граѓаните ќе ги поразат погубните и анационални политики на ДУИ и СДСМ“, стои во партиското известување.

Прочитај повеќе

Македонија

МЗ со посебен фокус на превенција и спречување на туберкулозата во земјава, во 2023 се регистрирани 160 новозаболени

Avatar

Published

на

„Министерство за здравство посебен фокус посветува на превенција и спречување на туберкулозата во земјава. Секоја година се изготвува Програма во која се содржани превентивни мерки и активности за спречување на туберкулозата во земјава. Како специјалист-инфектолог, но и како министер за здравство свесен за важноста на борбата против туберкулозата верувам ќе придонесеме во создавање услови да бидеме дел од генерацијата која ќе го испише последното поглавје на туберкулозата“, посочи министерот за здравство д-р Илир Демири.

Директорот на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, д-р Сеад Зејнел информираше дека нашата држава во последните 15 години има континуиран пад на бројот на новозаболени со туберкулоза, така на пример во 2019 година биле откриени 199 нови случаи, а во 2023 се регистрирани 160 новозаболени.

„Сепак, вкупниот број нови случаи за 2023 е благо поголем од трите години на пандемијата со ковид (2020 до 2022 година), што значи дека јазот меѓу пријавените случаи и реалната бројка се стеснува, а тоа е и основна цел на нашите напори во борбата против туберкулозата“, вели д-р Сеад Зејнел.

Прочитај повеќе