Радовиш
Четврта година по ред стипендија Солвеј, за беплатен курс по англиски јазик за талентирани ученици
Објавено на
Од
Media PressОд вчера започнаа часовите за бесплатниот четиримесечен курс по англиски јазик за талентирани ученици, финасиски подржан од компанијата Солвеј преку Рудникот Бучим во Радовиш. Четврта година по ред компанијата Солвеј ја спроведува оваа стипендија преку која двајца најдобри ќе учествуват на Музичкиот оперски камп во Салзбург, Австија каде ќе се претстават со своите таленти. Часовите ќе се одржуваат во СОУ Коста Сусинов во Радовиш, а на првиот час присуствуваше и заменик генералниот директор на Рудникот Бучим Николајчо Николов.
Николов им посака на учениците да не им биде приоритет патувањето во Салзбург туку да го научат англискиот јазик и да се дружат. Часовите ќе ги одржува професорката Катерина Сусинова, заедно со онлајн професорка од Америка, со што на 18-те ученици колку што се запишани годинава, ќе им помогнат да го доусовршат англискиот јазик.
Компанијата Солвеј годинава ги прифати сите кандидати кои што се пријавија за бесплатно доусовршување на англаскиот јазик од кои 11 ученици доаѓаат од Општина Конче.
Учениците се надеваат дека на овој курс ќе го доусовршат англискиот јазик а се надеваат дека ќе бидат избрани и за патување во Салзбург, кој се наоѓа во средниот дел на Австрија.
Салзбург е познат по барокниот стил, еден од најзачуваните во Средна Европа. Поради тоа, градското јадро претставува културно наследство заштитено од УНЕСКО. Исто така, познат е и како “град на класичната музика“, благодарение на Волфганг Амадеус Моцарт, кој се родил токму овде
Поврзани содржини

5000 САДНИЦИ НА ГОТЕН: „БУЧИМ“ и ЈП „Национални шуми“ ја обновуваат опожарената површина

Рудникот „Бучим“ од Радовиш, во партнерство со Музејот на љубовта и уметноста, ја најавува изложбата на детски уметнички творби „Иднината е сега“ која ќе биде отворена вечерва

480 новогодишни пакетчиња за дечињата во детската градинка „Ацо Караманов“ -Радовиш донација од рудникот Бучим

Донација комбе, од Рудникот Бучим за потребите на Општина Радовиш

Нов управител застанува на чело на двата рудника Бучим и Боров Дол од Радовиш

Рудниците Бучим и Боров Дол ја продолжуваат традицијата за донирање на новогодишни пакетчиња, започнаа од градинката во Конче
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

