Connect with us

Избори 2020

Атанасов: дополнителни 2 денари за продадено хигиенски чисто млеко

Media Press

Објавено на

Директор на Агенцијата за храна и ветеринарство  Зоран Атанасов викендот го посети Радовиш. Во разговор со сточарите и фармерите од општината, тој заедно со кандидатот за пратеник од СДСМ и Коалицијата Коле Чаракчиев,  ги спомна реализираните мерки и активности, но и  мерките од овој сектор кои ќе се реализираат во иднина. Атанасов  истакна дека Бруцелозата кај стоката е намалена на минимум, а речиси целосно ја нема кај луѓето во општината и генерално во државата. Тој спомна и дека во програмата имат предвидено доделуваче на дополнителни два денари за продадено хигиенски чисто млеко, за да се подигне хигиената во стадата и хигиената при млекомолзењето.

Атанасов и Чаракчиев го посетија и разговараа и со о граѓаните на Општина Радовиш во Градскиот пазар претежно со оние кои продаваат млечни производи.

Избори 2020

Истече рокот за поднесување приговири до ДИК, Левица поднесе 1.982 приговори

Media Press

Published

на

 Пред истекот на рокот, Левица поднесе 1.982 приговори. Како што објави партијата на Фејсбук, приговорите се поради изборни нерегуларности и за да си ги повратат тројцата пратеници.

„На десет минути пред истекот на законскиот рок, во архивата на ДИК, Левица ги поднесе своите 1.982 писмени ПРИГОВОРИ (уредно спакувани во четири регистратори) – за да си ги повратиме тројцата украдени пратеници!“, стои во објавата.

Прочитај повеќе

Избори 2020

Три дена по изборите ДИК објави нов закучок, поради како што велат исправка на техничка грешка

Media Press

Published

на

ДИК го објави заклучокот со кој се врши исправка на технички грешки во заклучокот од 16.07.2020 година.

Според новите бројки, зголемен е бројот на граѓани кои гласале и бројот на неважечки ливчиња. Во заклучокот стои  дека всушност гласале 943.750 гласачи. Од нив 912.186 се важечки ливчиња, а бројот на неважечки ливчиња е 31.564. Измена има и кај бројот на неупотребени гласачки ливчиња кој од завчерашните 869.889 се зголеми за 624 и сега изнесува 870.513.

Во четвртокот пак ДИК соопшти дека гласале 942.334 гласачи, или за 1.416 помалку од денеска објавеното, а од нив 31.466 биле неважечки.

Според направената исправка излегува дека бројот на неважечки ливчиња е зголемен за 148.

Прочитај повеќе

Избори 2020

Двајцата кандидати за пратеници од Радовиш од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, влегуваат во групата од по десет пратеници во 4 ИЕ, кој се останатите од Југоистокот

Media Press

Published

на

Неофицијално излезноста на предвремените парламентарни избори конечно можат да се видат на веб-страницата на Државната изборна комисија. Според овие податоци излезноста на овие избори била 51,34 отсто од гласачите. Гласале 931.369 граѓани.

Неофицијално владејачката коалиција на СДСМ „Можеме“ освоила најмногу гласови и 46 пратенички места.  СДСМ освоила 327.329 гласови, по што следи коалицијата на опозициската ВМРО- ДПМНЕ „Обнова за Македонија“ со 315.344 гласови и 44 места во парламентот со 120 места.

Според резултатите кои вчера ги соопшти претседателтот на ДИК Оливер Деркоски, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ќе освојат по десет пратенички места во четвртата изборна единица.

Од Југоистокот, ВМРО ДПМНЕ ги добива пратениците: Дајанчо Евтимов од Василево, Ели Панова од Струмица, Здравко Трајанов од Радовиш, Ангелина Петкова од Гевгелија и  Јадранка Поцкова од Струмица.

Во превите десет на СДСМ,  влегуваат:  лидерот на партијата, Зоран Заев од Струмица, Марија Костадинова од Гевгелија, Костадин Костадинов од Струмица и Никола Чаракчиев од Радовиш.

Откако вчера беше усвоен заклучокот за конечните изборни резултати од предвремените парламентарни избори во Македонија, започнаа 48-часовните рокови за приговори за спроведувањето на изборите и за сумирањето на резултатите. На нив Државната изборна комисија ќе треба да одговори во рок од 72 часа.

Прочитај повеќе