Connect with us

Избори 2020

Заедничка прес конференција на министерот за внатрешни работи Чулев и претседателот на ДИК Деркоски

Виолета | Media Press

Published

on

“На 15 – ти јули оваа година се одржуваат предвремените парламентарни избори на кои граѓаните имаат можност да гласаат, односно да го искористам своето уставно загарантирано право.

Улогата на Министерството за внатрешни работи во изборниот процес е јасна, а тоа е: заштита на човековите права и слободи за време на изборниот процес, максимална безбедност на граѓаните, овозможување слободно изразување на правото на глас и секако отсуство на секаков вид на толеранција кон сторителите на кривични дела или прекршоци, нивно навремено откривање и спречување да вршат кривични дела или прекршоци насочени против изборниот процес“.

Ова меѓу другото го истакна денес министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на прес конференцијата одржана во министерството за внатрешни работи а посветена на претстојниот изборен процес на која што присуствуваше и претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски. 

“Ова се десетти по ред парламентарни избори од осамостојувањето на нашата држава кои се разликуваат од сите претходни по фактот дека се одржуваат во услови кога земјата е соочена со пандемијата од ковид-19“ потенцираше министерот Чулев. Но, како што нагласи – тој факт не треба да не поколеба во намерата да се овозможи тие избори да поминат во мирна, фер и демократска атмосфера.

“Задачата на техничката влада и партиципирање на опозицијата во неа, е во насока на остварување токму на оваа цел. Ние сме цврсто решени дека кога е во прашање регуларноста и законитоста на изборниот процес воопшто нема дилема дека тој треба да биде кристално чист“, изјави Чулев.

Според Чулев сите претходни активности на МВР, но и активностите што претстојат, вклучително и денешната промоција на видео и печатените материјали изработени во соработка со Државната изборна комисија, се јасна демонстрација на таквата намера.

“Денес преку оваа прес конференција и преку целата промотивна кампања која ќе се реализира во следниот период испраќаме јасна порака дека нема простор и толаренција за изборен поткуп, но и праќаме порака дека Министерството за внатрешни работи соодветно ќе ги санкционира сите активности кои ќе бидат насочени кон било каква форма на притисок, заплашување и поткуп на гласачите“, притоа апострофирајќи ја важноста од добрата и тесна соработка помеѓу МВР и ДИК, којашто сама по себе е од исклучително значење за изборите, потенцираше министерот Чулев.

Претседателот на ДИК Оливер Деркоски рече дека овие предвремени парламентарни избори 2020 се јубилејни, 10 по ред и се исклучително важни бидејќи се клучот за европската врата и затоа сите треба да внимаваат како се однесуваат и пред се заради посебната состојба со Ковид – 19, во која се наоѓа државата. Деркоски ги повика и граѓаните да се чувствуваат безбедни и да излезат да гласаат на 15 јули.

Деркоски додаде дека избирачкиот список ќе биде заклучен во среда. Според него 1.814. 000 гласачи ќе бидат на избирачкиот список а во среда ќе се знае конечната бројка

Избори 2020

Двајцата кандидати за пратеници од Радовиш, Чаракчиев и Трајанов и денеска со предизборни активности

Виолета | Media Press

Published

on

Кандидатите за пратеници од Радовиш од двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ и денеска со предизборни активности. Кандидатот за пратеник од СДСМ и коалицијата Можеме, Коле Чаракчиев го искористи денешниот  пазарен ден во Радовиш и денот го помина во разговор со граѓаните.

Кандидатото за пратеник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Обнова за Македонија на манастирот Свети Ѓеоргиј во Ораовица, оствари средба со  Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ Радовиш.

Continue Reading

Избори 2020

Чулев: МВР има капацитети да спроведе мирни фер и демократски избори

Виолета | Media Press

Published

on

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев  вели дека МВР има капацитети  предвремените  парламетнарните избори кои ќе се одржат на 15-ти јули да бидат мирни, фер и демократски. И покрај тоа што овие избори се специфични и се одвиваат во време на пандемија и ќе траат три дена.

Министерот Чулев нагласи дека цврсто стои зад определбата истите да се спроведат со највисоко ниво на професионалност и неселективност од страна на полициските службеници и апелираше тие да постапуваат со еднаков пристап кон секој што ќе ги прекрши законските одредби, независно од неговата етничка или политичка определба.

Критичните точки каде во изминатите изборни циклуси биле евидентирани изборни нерегуларности се мапирани и како што најавува Чулев истите ќе бидат покриени со зголемени полициски сили.

Continue Reading

Избори 2020

Кандидатот за пратеник од Радовиш од ВМРО-ДПМНЕ и координаторот на советничка група одржаа прес-конференција

Виолета | Media Press

Published

on

Предлогот за покачување на платите на пожарникарите од 40% за два месеци, од страна на советничката група на ВМРО ДПМНЕ при Советот на Општина Радовиш, беше повод за одржување на прес конференција. Покачувањето според нив треба да бида како награда за нивното вклучување во борбата против Ковид-19.

Координаторот на советничката група Бојан Митевски ги повика колегите советници од СДСМ да одговорат зошто не го подржале предлогот да влезе на дневен ред на одржаната седница.

Предлогот го подржа и кандидатот за пратеник од ВМРО -ДПМНЕ Здравко Трајанов.

Continue Reading