Connect with us

Радовиш

Советот на Општина Радовиш ја одржа 43 седница, уште на почетокот се разви дискусија околу дополнувањето на дневниот ред

Avatar

Published

на

Советот на Општина Радовиш ја одржа 43 седница  со дневен ред од само 6 точки и една дополнителна точка.  Пред усвојувањето на дневниот ред советниците  Бојан Митевски и Горан Поцев предложија надополнување на дневниот ред со уште две точки: Предлог за покачување на платите на пожарникарите за 40% за  период од два месеци, за нивните активности во текот на корона кризара и Предлог- одлука за доделување на линии за вршење на превоз  на патници.

По вербалната доскусија беше дадена пауза од 15 минути за советниците да се договорат, но договор не беше постигнат  и точките не беа ставени на дневен ред. Потоа седница продолжи со првата точка, Советнички парашања.

 Според предвидениот дневен ред потоа следуваа точките: Предлог одлука за намалување на даночна основа  за пресметување на данокот на имот, данок на наследство и данокот на подарок за 50%

 Предлог одлука за целосно ослободување од плаќање комунална такса за фирмите регистрирани како даночнни обврзници во даночниот регистар во општина Радовиш

Предлог одлука за намалување на висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште во општина Радовиш за 50% од вредноста на сумата за период од јуни до декември 2020 година

 Предлог одлука за давање на позитивно мислење за предлог-договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство за давање на енергетски услуги за јавно осветлување и овластување на Градоначалникот на Oпштина Радовиуш за потпишување на договорот

 Предлог програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, одржување на комунални објекти и локални патишта за 2020 година во Oштина Радовиш и како дополнителна точка од дневниот ред беше предвидена:  Извештај за реализација на програмата за уредување на градежно земјиште и уредување на комунални објекти и локални патишта.

Радовиш

Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна

Avatar

Published

на

Долгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.

Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.

Прочитај повеќе

Радовиш

Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш

Avatar

Published

на

Изложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.

Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.

Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.

Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.

Прочитај повеќе

Радовиш

Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш

Avatar

Published

на

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.

Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.

Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.

Прочитај повеќе