Македонија
Земјоделците да се пријават за субвенции за пченица и јачмен, градинарски производи и овошје, продадени кај регистриран преработувачки откупувач
Објавено на
Од
Media Press
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските стопанства дека до 25 декември 2025 година ќе можат да поднесат барања за дополнителни директни плаќања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година.
Во овој период се поднесуваат барања за следните подмерки:
- Подмерка 1.2„Дополнителни директни плаќања од подмерката 1.1. за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион“
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои произведената пченица и јачмен ја имаат продадено или складирано кај регистриран откупувач вклучително и количините произведени за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, продадено на регистриран одгледувач на добиток или го користеле за сопствени потреби за исхрана на добиток.
Корисници на оваа подмерка се и земјоделски стопанства кои произведената афионова чушка ја имаат продадено во регистриран откупувач запишан во Регистарот на откупувачи на афион за производство на опојни дроги.
Корисници на оваа подмерка се и земјоделски стопанства кои произведениот сончоглед и маслодајна репка ги имаат продадено во регистриран преработувачки капацитет.
Висината на дополнителните директни плаќања за пченица, јачмен, сончоглед и маслодајна репка изнесува 6.000 денари по хектар и за афионова чушка изнесува 18.000 денари по хектар.
- Подмерка 1.5 „Дополнителни директни плаќања од подмерката 1.3. за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети“
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои произведените градинарски култури ги предале во преработувачки капацитет за зеленчук директно или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2024 до 25 декември 2025 година.
Висината на директните плаќања изнесува 3 денари по килограм за сите градинарски култури освен за пиперката од сорта куртовска капија каде висината на директните плаќања изнесува 4 денари односно 5 денари по килограм за предадените количини во период мај-јуни 2025 година и ноември-декември 2025 година.
- Подмерка 1.7 „Дополнителни директни плаќања од подмерката 1.6. за овошје предадено во преработувачки капацитети или кај регистрирани откупувачи“
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои произведените праски, вишни, малини, капини, аронија, гоџи бери, кајсии, јагоди, калинки и лешник ги предале во преработувачки капацитет за овошје директно или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2024 до 25 декември 2025 година, освен за лешник каде периодот е од 15.09.2024 до 31.03.2025 година.

Корисници на оваа подмерка се и земјоделски стопанства кои произведеното јаболко го предале во преработувачки капацитет или кај регистриран откупувач директно или преку еден регистриран откупувач за период од 15 август 2024 година до 30 јуни 2025 година.
Висината на поддршката изнесува 3 денари по килограм за сите овошни култури освен за малина и лешник каде поддршката изнесува 5 денари по килограм и за јаболка каде поддршката изнесува 2 денари по килограм.
- Подмерка 2.15 „Дополнителни директни плаќања од подмерката 2.14 за пчелни семејства вклучени во селекција за производство на пчелни матици“
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства запишани во Регистарот на одгледувалишта на пчели и се регистрирани одгледувалишта на пчелни матици во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или се земјоделски стопанства членови на регистрирано одгледувалиште на пчелни матици.
Висината на директните плаќања изнесува 2.000 денари по пчелно семејство кое е во контрола и е вклучено во селекција за производство на пчелни матици.
- Подмерка 2.16 „Директни плаќања за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед“
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства запишани во Регистарот на одгледувалишта на пчели, поседуваат минимум 10 регистрирани презимени пчелни семејства и во 2025 година имаа направено лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед.
Барањата се поднесуваат во електронскиот систем на Агенцијата од страна на земјоделското стопанство а доколку имаат потреба од помош можат да се обратат во подрачните единици на МЗШВ.
Линкот за пристапување до апликацијата е: www.ipardpa.gov.mk – Директни плаќања е-субвенции.
Поврзани содржини

МЗШВ: Исплатени се над 260 милиони денари на над 1.600 корисници за мерки од растително и сточарско производство

Општина Радовиш ќе субвенционира набавка на велосипед, до 50% од вредноста, но не повеќе од 6000 денари

Општина Радовиш ќе дава субвенции по 8.000 денари на млади лица, за полагање на возачки испит, објавен е јавниот повик

Општина Струмица, објавува Јавен повик за субвенционирање на надоместок за приклучување на гасоводниот систем

Општина Радовиш додели субвенции на вкупно 12 лица за надоместување на дел од трошоците за купен нов велосипед

МЗШВ: Исплатени 1,5 милијарди денари кон 14.300 тутунари

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

