Categories: Uncategorized

Расте бројот на заболени од грип, во првата недела од 2026 година во земјава се регистрирани 1.725 случаи на грип

Во текот на првата недела од 2026 година (29.12.2025 – 04.01.2026), во Македонија се пријавени 1.725) случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, 2,2 пати повеќе во споредба со претходната недела (n=771). Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со првата недела од минатата сезона (n=331) е зголемен за 5,2 пати, а во споредба со бројот за првата недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 15 сезони) (n=1.244), зголемен е за 38,7% .

Откако во текот на минатата недела (52-ра недела/2025) беше надмината границата за влез во сезона на грип, во текот на првата недела од 2026 година, пријавената инциденца е над неделната граница на средна активност (I=92,52/100.000) на вирусот на грип на национално ниво. Во однос на возрасната дистрибуција, 749 лица се на возраст од 15-64 години, 618 – деца на возраст од 5-14 години, 229 – деца на возраст од 0-4 години и 129 се лица на возраст над 65 години.

Највисока инциденца (287,7/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години. Заболените лица се пријавени од 18 ЦЈЗ/ПЕ: Скопје – 716, Тетово – 339, Куманово – 150, Велес – 109, Штип – 60, Дебар – 54, Гостивар – 49, Прилеп- 45, Охрид – 44, Битола – 40, Струмица – 38, а во Кавадарци, Неготино, Струга, Демир Хисар, Виница, Македонски Брод и Радовиш, бројот на заболени е помал од 30.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago