Македонија

ЦУК: ВОНРЕДНА ИНФОРМАЦИЈА за состојбата по обилните врнежи на територијата на Македонија

ЦУК: ВОНРЕДНА ИНФОРМАЦИЈА за состојбата по обилните врнежи на територијата на Македонија(состојба до 18:30 часот)

Тетовски регионТетовоНа патниот правец Тетово – Бањиче, пред ресторанот „Лумаре“, има падната голема карпа на коловозот со опасност од дополнителни одрони. За настанот се известени ЈКП Тетово, СВР Тетово и ДЗС, кои преземаат мерки согласно надлежностите.Состојбата во градот и околината е стабилна, патната инфраструктура е проодна, а коловозите се претежно влажни.

Гостивар – Маврово. Кај каменоломот е евидентиран одрон на патниот правец Гостивар – Маврово. Надлежните служби се известени и најавено е расчистување и обезбедување на сообраќајот.

Тиквешки регион. КавадарциВо ридско-планинскиот дел се интервенира со два камиона на патните правци Кавадарци – Мушов Гроб – Мрежичко, Мушов Гроб – Михајлово и Страгово – Горна Бошава. Сите патишта се проодни во зимски услови. Висината на снежната покривка е до 15 см. Во останатите населени места нема снег.Североисточен регионКуманово, Липково и Старо Нагоричане Нема излевање на реките, а водостоите се во опаѓање. Патот од с. Пелинце до Граничен премин Пелинце беше подмрзнат и небезбеден, по што е извршена интервенција и патот е расчистен.

Крива Паланка. Сите локални и регионални патни правци се проодни и чисти. Интервенирано е на патот кон манастирот Св. Јоаким Осоговски поради одрон.РанковцеПатот од с. Пклиште до с. Герман е затрупан со снег и е испратена механизација за расчистување. Делницата е со кашаст снег и отежнато движење.

Кратово. Сите локални патни правци се проодни. Водостоите на реките не претставуваат опасност од излевање.

Источен регион-Штип. Нема врнежи. Водостоите се зголемени, но без опасност од поплавување. На патните правци

Истибања – Делчево – граничен премин, Виница – Берово и Штип – Неготино има помали одрони кои редовно се расчистуваат.Југозападен регионОхридРеката Сушица е ставена под контрола со насип. Сè уште има поплавени подруми и дворови на повеќе локации.

СтругаВо селата Мислешево и Калишта има поплавени дворови. Санирањето е отежнато поради непречено истекување на водата.

ДебарРеката Радика има зголемен водостој без опасност од излевање. Има помали одрони на патните правци Жировница – Дебар и Дебар – Струга, кои редовно се расчистуваат.

КичевоВодостоите на Зајашка река и Треска се намалени и нема опасност од нови поплави. Во тек е состанок на општинскиот кризен штаб за проценка на штети и планирање на санација.

Пелагониски регионДемир Хисар. Поради оштетување на мостот на Боишка Река, локалниот пат кон с. Мренога е затворен за сообраќај.БитолаСостојбата во градското подрачје е нормализирана. Во околните места водата се повлекува од поплавените површини.

Крушево. Сите локални и регионални патни правци се исчистени, посолени и проодни.

Ресен. Поплавени се земјоделски површини, но водата се повлекува. Во тек е интервенција со градежна механизација за расчистување на коритото на Голема Река.

Новаци. Нивото на река Црна изнесува 320 см и се следи континуирано.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago