Викендов, во Домот на културата, градоначалникот на
општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со пригодна свеченост го означија официјалното отвaрање на
клубот за дневен престој на пензионерите.
„Грижата за нашите пензионери е наша обврска. Општина Василево за првпат обезбеди просторија наменета за пензионерски клуб, сместен во Домот на културата во Василево. Нашите пензионери, нашите дедовци и татковци, заслужуваат пристојни услови за секојдневно дружење, разговор и меѓусебна дружба. Ова е мал, но значаен чекор со кој покажуваме дека ги почитуваме оние кои со својот труд и посветеност ги поставија темелите на нашето општество“, стои во информацијата споделена на социјалните медиуми.
Клубот е
лоциран на приземјето на Доmот на културата во Василево, во поранешните
простории на ЈПКД „Турија# Василево. Општина Василево во изминатиот период
изврши комплетно реновирање и адаптација на просторот кое опфаќаше
малтерисување и боење на ѕидовите, поставување на нов под, нови плочки и
санитарни елементи, врати и прозорци и нови светлосни тела.
Буџетот за
сите планирани и реалзирани активности, согласно Договорот за јавна набавка со
компанијата изведувач на работите изнесува 1 015 612 денари, средства кои
општината ги обезбеди од сопствените извори на проходи.
Со Одлука на Совет просториите се дадени на користење на Здружението на пензионери на Струмица, како би можело овој пензионерски клуб непречено да функционира, односно да биде во функција на потребите на пензионерите.