Граѓаните на Ангелци на средба со Градоначалникот на Општина Василево, за креирање на Буџетот за 2027
Синоќа, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов,
беше во населеното место Ангелци, каде заедно со месното население разговараше за планираните
активности, потреби и проекти кои како дел од Буџетот за наредната година би
биле реализирани во ова населено место.
Едно од приоритетните прашања, за кои
граѓаните бараат решавање е дислокација на дивата депонија како и доизградба на
преостанатите краци од системот за фекална канализација, со што сите
домаќинства би добиле можност за приклучување.
„Буџетот го
креираме заедно со граѓаните на Ангелци! Одржавме средба со жителите на Ангелци, на која разговаравме
за нивните потреби и приоритети за претстојниот буџет на Општина Василево.
Клучни проекти за Ангелци се:
-Целосно
дислоцирање на дивата депонија
-Продолжување
со асфалтирање на улиците, со цел сите да бидат асфалтирани до крајот на
мандатот,
–
Оградување на училишниот двор на ООУ „Гоце Делчев“
-Изградба
на преостанатите краци од фекалната канализација.
Ги повикувам сите граѓани активно да се вклучат во креирањето на буџетот, да ги споделат своите предлози и идеи и да помогнат во утврдувањето на приоритетите за нивните населени места. Заедно ги планираме проектите и ја градиме иднината на Општина Василево“, порачува градоначалникот Андонов од синоќешната средба со жителите на населеното место Ангелци. На средбата присуствуваа и Даниел Иванов – директор на ЈПКД „Турија“, Василево и Томе Спасов, директор на АД Водостопанство, подружница Струмица.