Македонија

Казни од 300 до 5000 евра предвидува Законот за заштита од пишење

Глоба во износ од 2.000 до 4.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице, а на одговорното лице во правното лице, ќе му се изрече глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност, доколку го прекрши Законот за забрана за пушење, кој стапува на сила од 01 март 2026 година.

Глоба во износ од 150 до 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице ако пуши во просторија каде што е забрането пушењето, или глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност, ќе му се изрече на физичко лице и на самото место на прекршокот, предвидува Предлог – Законот за забрана за пушење кој го објави Министерството за здравство, Институт за јавно здравје.

Со новиот закон се забранува производство, увоз и продажба на тутунски и никотински производи (вклучително и електронски цигари) кои содржат слатки, овошни или билни ароми, како и вкус на ментол. Една од најзначајните новини е целосната забрана за пушење во приватно возило доколку во него е присутно дете.

Инспекцискиот надзор ќе го вршат повеќе институции, вклучувајќи ги пазарниот, санитарниот и трудовиот инспекторат, како и МВР.

Со овој закон се уредува заштитата од штетните дејствија на пушењето на тутун и други производи од тутун врз граѓаните, зачувувањето на здрава животна средина, забрана на пушењето во јавни простории и забрана за рекламирање на цигарите.

Јавни простории во смисла на овој закон се подразбираат: – објекти во кои се врши воспитно-образовна дејност и објекти за престој и сместување на деца, ученици и студенти; – објектите на здравствените и социјалните установи; – затворени и отворени простории во кои се одржуваат спортски натпревари, – затворени простории во кои се одржуваат културни и забавни манифестации, собири и други јавни приредби, – простор надвор од деловниот објект, наменет, уреден и опремен за давање на угостителски услуги, кој содржи дополнителна опрема (покриви, ѕидови, стакло, фолии, пластифицирани или најлонски прегради и слично) со која просторот се затвора од сите страни со што станува простор од затворен карактер, – средства за јавен превоз на патници; – жичари и ски-лифтови; – објекти во кои се произведува, подготвува, служи, продава или консумира храна и интернет-кафиња; – простории во државните органи, установи и институции и во органите на локалната самоуправа во кои се одржуваат состаноци и средби и – кафеани, кафетерии, ноќни барови, кафе барови, кабареа, дискоклубови и пивници;

– заеднички простории во станбена зграда и заеднички делови на станбена зграда (светларници, лифтови, заеднички котларници и слично) утврдени со закон – други јавни простории (сали, канцеларии, работни простории, чекални, ходници и слично). Член 3 Се забранува пушењето во јавните простории од членот 2 на овој закон. Пушењето е дозволено исклучиво надвор од деловниот објект (тераса, летна бавча и слично), исклучиво доколку просторот е покриен и отворен најмалку од три страни на кои нема никакви прегради (стакло, фолии, пластифицирани или најлонски прегради и слично) или на отворен простор кој не е покриен со тенди, чадори и слично, а кој странично е заграден (дискоклубови на отворен простор, тераси, летни бавчи и слично). Во објектите во кои се сместуваат гости, може да се определат соби за сместување за пушачи, но најмногу до 30% од вкупниот капацитет на објектот. Во јавните простории од членот 2 на овој закон и во собите за сместување на непушачи во објектите од ставот 2 на овој член одговорното лице на правното лице ќе истакне знак за забрана на пушењето и ќе обезбеди контрола на забраната на пушењето.

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, односно од 1-ви март годинава.

Закон за заштита од пушење: https://iph.mk/Upload/Editor_Upload/ZAKON-ZA-ZASHTITA-OD-PUSHENETO-zakluchno-so-br_-157-od-2013%5B1%5D.pdf

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago