Радовиш
Нов управител застанува на чело на двата рудника Бучим и Боров Дол од Радовиш
Published
4 месеци agoна
By
Media PressНов управител застанува на чело на двата рудника Бучим и Боров Дол од Радовиш, кој раководи со компаниите почнувајќи од 22 мај годинава, по извршените промени во органите на управување и раководење, информираат од двете компании.
„Ве известуваме дека со Одлука за промена на управители, донесена од страна на Содружникот на Друштвата, извршени се промени во органите на управување и раководење на ДПТУ “Боров Дол” ДООЕЛ Радовиш и ДПТУ “Бучим” ДООЕЛ Радовиш. Имено на 22.05.2023 назначен е нов управител на Друштвата – Александар Раков, кој доаѓа на местото на досегашните управители Олег Чусовитин во ДПТУ “Бучим” ДООЕЛ Радовиш и Хумберто Матхеус во ДПТУ “Боров Дол” ДООЕЛ Радовиш.
Г-дин Александар Раков, е дипломиран рударски инженер со специјалност за технологија и комплексна механизација на површинска експлоатација на минерални суровини. Има богато професионално искуство со повеќе од 45 години во раководење на рудници ширум светот, каде што под негово раководство, рудниците ги достигнуваат најдобрите резултати. Својата работна кариера во рударството ја започнува во 1978 година, а во неговата долга кариера во рударскиот сектор бил носител на повеќе менаџерски позиции во повеќе рудници. Александар Раков застанува на чело на двата рудника Бучим и Боров Дол и раководи со компаниите почнувајќи од 22 мај, 2023 година“, стои во известувањето од двата рудника Бучим и Боров Дол.
Инаку во текот на изминатите четири децении, рудникот Бучим претрпе голем број транзиции за да стане компанија која што е денес. Од 2005 година, рудникот за бакар Бучим е дел од Солвеј Инвестмент Групацијата, која го постави Бучим на нов пат и му обезбеди долгорочна иднина, а го отвори и новиот рудник Боров Дол.
Поврзани содржини
Рудниците Бучим и Боров Дол ја продолжуваат традицијата за донирање на новогодишни пакетчиња, започнаа од градинката во Конче
Ќе има ли зголемување на платите на вработените во рудникот Бучим, согласно растот на инфлацијата?
Бучим и Боров Дол повторно започнуваaт со работа, односно го рестартираат процесот на производство
Рудниците Бучим и Боров Дол започнаа со донација на дробен камен – тампон, за тампонирање на нови улици во Општина Радовиш
Викендов ќе се одржи Меѓународниот Детски фолклорен фестивал ОРО ВЕСЕЛО-2022, во организација на ФА „Бучим“ од Радовиш
Вечерва во Радовш концерт на фолклорниот ансамбал „Бучим“, насловен „Коледарски огнови“
Радовиш
ЈП Плаваја со известување до граѓаните на Општина Радовиш и сите продавачи и купувачи на производи кои се продаваат на зелени пазари
Published
2 часа agoна
октомври 4, 2023By
Media Press
ЈП”ПЛАВАЈА” ја подготви предвидената локација за времена дислокација на градскиот пазар поради изведување на градежни работи за изградба на нов пазар. од тие причини ги известува продавачите и граѓаните на Општина Радовиш дека од овој викенд пазарот ќе се премести на паркингот на поранешен “Орел” Радовиш.
„Врз основа на Одлуката на Советот на општина Радовиш за времена дислокација на “Градски пазар” Ве известуваме дека ЈП”ПЛАВАЈА” ја подготви предвидената локација на паркингот на поранешен “Орел” Радовиш. Почнувајќи од сабота 07 октомври 2023 година зелениот пазар ќе функционира на таа локација се до завршувањето на изградбата на новиот покриен пазар. За сите прашања може да контактирате со одговорното лице Велин Ангелов лично или преку повик на бројот 071 793 756.
Радовиш
Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во Калуѓерица
Published
2 дена agoна
октомври 2, 2023By
Media Press
Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во населено место Калуѓерица, со кое се предвидува намалување на трошоците за електрична енергија за улично осветлување за 30 %.
Градоначалникот Ацо Ристов заедно со претставници од партмерите вклучени во проектот, изврши увид во работните активности и како што вели овој проект е предвиден за намалување на трошоците на електрична енергија за улично осветлување во руралните населени места преку искористување на обновливи извори на енергија.

Партнери во проектот се Општина Радовиш, Ромалитико, “ Мрежа за рурален развој, УСАИД Проект “Програма за развој на заедницата“ и ЛАГ Плачковица.

Радовиш
Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите
Published
5 дена agoна
септември 29, 2023By
Media Press
Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите, во која се вклучија семејствата – родителите, вработените, локалната заедница.
„Тимската работа, дружење и размена на идеи секогаш дава резултати“, велат од градинката, од каде им се заблагодароват на сите оние кои се вклучија да ги разубават дворовите на Објектите, каде што престојуват нивните дечиња.

Седум најдобри извори на КОМПЛЕТНИ ПРОТЕИНИ: Можете да ги вклучите во вашата секојдневна исхрана

Листа на нај-економични Дизел Автомобили

ЈП Плаваја со известување до граѓаните на Општина Радовиш и сите продавачи и купувачи на производи кои се продаваат на зелени пазари

Опуштен Euro 7 стандард : Малите автомобили ќе преживеат
