Радовиш
Три освоени медали на младите борачи од „Бучим-Радовиш“ на Балканско првенство во Грција
Published
4 месеци agoна
By
Media Press
Три освоени медали на нашите најмлади борачи во категоријата кадети и пионери кои учествуваа на Балканското првенство одржано во Грција.

Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов оствари прием на борачите, и дел од управата на Боречкиот клуб „Бучим-Радовиш“. Повод за приемот беа освоените репрезентативни медали на Балканското првенство во доста силната конкуренција. Градоначалникот им честиташе на постигнатите успеси и изрази особено задоволство што продолжува традицијата на успесите во борењето во општина Радовиш, со надеж дека истите ќе продолжат, а во блиска иднина да се радуваме и на европски медал.
Радовишките пет млади борачи не само што учествуваа туку и го освоија третото место во екипна конкуренција со Македонската репрезентација. Маријо Ананиев се закити со златен медал, Ристе Ставрев сребро, а Илија Атанасов беше бронзен. Младите борачи беа предводени од Горан Атанасов и Мијалче Ананиев.

Поврзани содржини
Доделени ваучери на најдобрите спортисти кои успешно ја претставија Општина Конче
Младите борачи од БК Бучим, Радовиш убедливо најдобри во Македонија во екипна конкуренција за кадети до 17 години
6 освоени медали на БК Бучим од Радовиш на Балканско првенство и Медитерански игри
Борачите од БК Бучим од Радовиш активно се подготвуват за учество на Балканијада и Медитерански игри во Грција
Боречкиот клуб „Бучим – Радовиш“ од септември ја отвора Школата за борачи пионери
Илија Атанасов од БК „Бучим“ од Радовиш со дебитантски настап на Европското првенство во Софија
Радовиш
Промотивен настан во рамките на проектот „Енергетски ефикасен регион“ денеска организиран во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш
Published
6 дена agoна
септември 18, 2023By
Media Press
Денеска во Радовиш беше организиран вториот промотивен настан во рамките на проектот „Енергетски ефикасен регион“, инвестициски проект со дигитална компонента од Грантовата шема на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – фаза 2, финансиран од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка и Општините, Радовиш Конче и Василево.
Настанот беше во организација на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион а домаќин беше Општина Радовиш односно ОУ „Крсте Петков Мисирков“. Присутен беше и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.
На настанот свое обраќање имаа Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, Директорот на ЦРЈИПР, Ѓоко Камчев, Градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов и Градоначалникот на општина Конче, Златко Ристов.

За градоначалниците на општините Радовиш и Конче, овој проект е од големо значање и пример како треба да се постапува во иднина во однос на енергетската ефикасност.
Целта на овој настан е да се претстават досегашните имплементирани активности по проектот кои ќе придонесат кон создавање на енергетски ефикасен регион, првенствено во делот на производство и употреба на електричната енергија преку искористување на обновливи извори на енергија.
Со овој проект е предвидено изградба на систем на фотонапонски централи на покривите на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ и Спортската сала „25 Мај“ во Радовиш со капацитет од 430 KW, како и изработка на софтверски дигитален систем од страна на изведувачот ПЦ „Контрол Хардвер“ од Струмица.
Радовиш
Општина Радовиш ќе аплицира со проект „Зелена прекугранична хармонија“ за озеленување на површини во урбани средини
Published
1 недела agoна
септември 15, 2023By
Media Press
Советот на Општина Радовиш денека одржа итна седница со цел донесување на Предлог одлука за изработка и имплементација на проект „Зелена прекугранична хармонија“ за кој рокот за аплицирање е до денеска 15 септември. Итноста за свикување на оваа седница ја образложи Претседателката на Советот Моника Трајанова.

Советниците едногласно го поддржаа проектот и Предлог одлуката беше изгласана.
Проектот претставува дел од програмата на ЕУ за зелен прекуграничен регион, за озеленување на површини во урбани средини. Партнер во проектот е Општина Јакоруда од Бугарија и истиот е во вредност од околу 600.000 евра од кои за Општина Радовиш околу 300.000 евра.
Во Радовиш ќе се уредува и озеленува градскиот рид Чам Баир, со еколошки материјали, со засадување на дрвца и без бетонирање, а ќе се изгради и ботаничка градина во дворот на ООУ „Никола Карев“, појасни Лазар Газепов, советник во Одделението на ЛЕР во Радовиш.

Општина Радовиш заедно со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион од Македонија и општина Јакоруда од Бугарија, ќе аплицираат за проектот и доколку биде одобрен ќе се реализира.

Радовиш
Со симулација на сообраќајна несреќа во која 4 лица беа повредени, одбележан Светскиот ден на првата помош во Радовиш
Published
1 недела agoна
септември 14, 2023By
Media Press
ОО на Црвен крст од Радовиш го одбележа Светскиот ден на првата помош, со симулација на вежба, сообраќајна несреќа во која 4 лица беа повредени.
Според Црвен крст, секој ден стотици луѓе го губат животот поради несоодветна и ненавремена прва помош, затоа од клучна важност е знаењето за укажување ПРВА ПОМОШ.

Под мотото „Првата помош достапна за сите! Првата помош во дигителниот свет“ Општинската организација на Црвен крст Радовиш во соработка со ОВР Радовиш, ТППЕ Радовиш и ЈЗУ „Здравствен дом“ Радовиш организираа настан, симулација на сообраќајна несреќа, во која учество земаа едно возило, еден електричен тротинет и пешак (4 лица беа повредени).
„Со организација на вакви показни вежби сакаме да ја подигнеме јавната свест за сообраќајните несреќи и повреди, да ги охрабриме луѓето од сите возрасти да научат прва помош за да имаат вештини и самодоверба за да го препознаат и соодветно да реагираат при итните ситуации во случај на сообраќајна несреќа“ велат од Црвен крст – Радовиш.

Што треба да содржи идеалниот појадок? Овие се идеални компоненти

Овие четири знаци на срцев удар се јавуваат 24 часа пред нападот

Што е USB-C интерфејс и кои се неговите предности?

Кој ќе ги сервисира? 97% од механичарите не знаат како да вршат основни поправки на електрично возило
