Connect with us

Конче

Доделени ваучери на најдобрите спортисти кои успешно ја претставија Општина Конче

Avatar

Published

на

Пооветено во последниот работен ден за општинско- корисна работа со нашите претставници кои успеваат во секакви услови да помогнат на најранливите категории во општина Конче , без разлика на нивната возраст, категорија и етничка припадност.Продолжуваме со исти активности и понатаму.

Вреднувањето на успехот секогаш реципрочност нема но сепак скромно не ги забораваме најдобрите спортисти во 2022 година кои ја претставуваа нашата општина пошироко со нанижани повеќе успеси. Општина Конче е горда на постигнатите успеси и се поклонувам до земја на сите нив, а со тоа им даваме уште поголема поддршка за нивни напредок. Доделените ваучери се знак на внимание и останува да им посакаме многу среќа и успеси во наредната 2023година. ПРОДОЛЖУВАМЕ…….Дневните активности ги заокружуваме со ЈПКД Лакавица -мотор на општината ,со искажана благодарност до нив за сработеното во изминатата година за сите направени услуги спрема граѓаните на општина Конче.Растот и развојот е очигледен , со направена анализа ги анулираме пропустите и продолжуваме со нови подвизи“ објави градоначалникот Ристов на социјалните мрежи, Притоа честитајќи им ја Новата година на сите граѓани..

Конче

Градоначалникот на Општина Конче со апел до граѓаните да не ги ОПОЖАРУВАТ (палат) своите земјоделски површини и пошумени имоти

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов, со апел до граѓаните да не ги ОПОЖАРУВАТ (палат) своите земјоделски површини и пошумени имоти.

„Почитувани граѓани на Општина Конче , би сакал да упатам апел до сите граѓани кој што обработуват земјоделски површини и сите оние граѓани кои од други причини имаат потреба да се движат по шумските делови и земјоделските површини , да не ги ОПОЖАРУВАТ (палат) своите земјоделски површини и пошумени имоти . Како резултат на таквата негрижа во вчерашниот ден беше предизвикан шумски пожар од кој беше предизвикана огромна материјална штета на дабова шума во м.в ,,Брестиви дол” , атар на село Габревци!!!“ стои во апелот од градоначалникот Ристов.

Прочитај повеќе

Конче

Поставување на нова урбана опрема во населените места во Општина Конче

Avatar

Published

на

Општина Конче деновива започна со поставување на нова урбана опрема во населените места во општината. Според градоначалникот Златко Ристов ќе биде поставена урбана опрема во централните подрачја на сите населени места со цел да се подобрат условите на граѓаните.

Прочитај повеќе

Конче

Голем број на посетители на Изложбата на aвторката Лејла Куртов “Рурална жена низ објективот” во Општина Конче

Avatar

Published

на

Вчера во Домот на Култура во Општина Конче се одржа првата самостојна изложба на дигитална фотографија со која авторката Лејла Куртов полека но сигурно ги крши стереотипите на нашето општество за тоа што претставува руралната жена.

На изложбата на авторката Лејла “Рурална жена низ објективот” која се одржа во домот на културата во Општина Конче, присутни беа голем број посетители.

Настанот беше збогатен со настап на КУД Конче, како и вкусните специјалитети со кои Општина Конче се гордее.

Покрај фотографиите , посетителите имаа прилика да видат и краток Документарен филм на кој се прикажани културните богатства на оваа Општина, но и животните приказни на овие моќни жени .

Овој настан беше предводен од Модераторот Златко Јанкулов и презентерката на “Животните приказни на руралните жени” Катерина Василева .

Авторката вели дека ова е само еден убав почеток , а инспирацијата за нови настани и изложби ја црпи од преголемото културно богатство кое го поседува Општина Конче.

Прочитај повеќе