Радовиш
Борачите од БК Бучим од Радовиш активно се подготвуват за учество на Балканијада и Медитерански игри во Грција
Published
2 години agoна
By
Media PressБорачите од БК Бучим активно се подготвуват за учество на Балканијада за кадети и Медитерански игри за младинци кои че се одржат во Грција. Од клубот очекуваат дека ќе се вратат со освоени медали.
Подготовките на младите борачи се во завршна фаза, тие тренираат веќе четири месци по трипати дневно. Според тренерот Горан Атанасов младите борачи максимално се посветени на овој спорт и редовно тренираат.
Поврзани содржини
Рудникот Бучим традиционално и годинава им подари новогодишни подароци на најмалите борачи во БК Бучим
Три освоени медали на младите борачи од „Бучим-Радовиш“ на Балканско првенство во Грција
Доделени ваучери на најдобрите спортисти кои успешно ја претставија Општина Конче
Младите борачи од БК Бучим, Радовиш убедливо најдобри во Македонија во екипна конкуренција за кадети до 17 години
6 освоени медали на БК Бучим од Радовиш на Балканско првенство и Медитерански игри
Боречкиот клуб „Бучим – Радовиш“ од септември ја отвора Школата за борачи пионери
Радовиш
Бесплатен преглед на очен притисок во очната амбуланта во Здравствен дом – Радовиш, по повод Светска недела на глауком
Published
4 дена agoна
март 14, 2024By
Media PressПо повод неделата на глаукомот, ОО на Црвен Крст – Радовиш, во соработка со ЈЗУ Здравствен Дом -Радовиш, денеска организира бесплатен преглед на очен притисок, во очната амбуланта во Радовиш а утре во просториите на Здравниот Дом – Конче, со почеток од 09:00 до 13:30 часот.
Доктор Весна Пешева Јанковски апелира до граѓаните барем еднаш годишно да направат офталмолошки преглед, со цел навреме да се открие глаукомот. Итересот за прегледи беше голем, само за час и половина беа прегледани 60 граѓани.
Денеска се вршеа прегледи со безконтактен апарат, кој за жал беше позајмен од приватна болница, бидејќи очната амбуланта го нема и мерењето на очен притисок се прави по една посложена процедура со ставање капки за анестезија и со контактен апарт со окото.
Оваа активност Црвен крст – Радовиш, ја организира во рамките на ЦКА – ПХВ програмата, а со цел да се подигне свеста да се прават превентивни прегледи на очен притисок после 40-тата година, како и да се покрене иницијатива за набавка на овој навидум мал но многу вреден апарат.
Инаку на денешните прегледи очен притисок беше измерен кај 125 луѓе. Кај 24 луѓе беше детектиран покачен очен притисок, со понатамошен совет да се направи комплетен офталмолошки преглед со цел поставување на точна дијагноза.
Радовиш
Нарушен јавниот ред и мир во село Подареш, со физичка пресметка помеѓу три лица
Published
6 дена agoна
март 13, 2024By
Media PressВчера во 12.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека околу 12.10 часот во село Подареш, радовишко, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.П. и Х.П. од една страна и С.Х. од друга страна, сите од село Подареш .
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштива СВР Струмица, ПС Радовиш.
Радовиш
По петти пат се одржа хуманитарниот настан „Радовишка етно софра“
Published
3 месеци agoна
декември 5, 2023By
Media PressХуманитарното здружение „Верица“ од Радовиш, по петти пат го одржа хуманитарниот настан „Радовишка етно софра“ по повод 3-ти Декември Меѓународниот ден на лица со попреченост.
На овој настан учествуваа околу 250 жени кои донираа средства купувајќи домашни специјалитети кои се продавааа на лицитација со наддавање.
Домашно подготвените традиционални специјалитети беа подготвени од жените од здружението Верица и од други жени кои несебично се потрудија да направат што повеќе солени и слатки јадења наменети за продавање а со тоа и собирање на повеќе средства.
Сердства како што рече Верица Ефнушева Ценева која е главен организатор на овој хуманитарен настан же бидат донирани на Дневниот центар Порака во Радовиш и на уште две деца на кои им е потребна помош за лекување.
Настанот се одржа во ресторан „Рио“ во Радовиш каде традиционално се одржува по петти пат. Женита донираа и се забавуваа со добра музика.