Радовиш
Денеска се празнува свети Атанасиј Велики- летен, празник на црковниот храм во Ораовица
Објавено на
Од
Media PressДенеска се празнува свети Атанасиј Велики- летен. Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики, зимен и летен.
На денешен ден се празнува преносот на неговите мошти и чудата произлезени од нив. Атанасиј Велики бил голем борец за вистинското православие. Во црковниот храм Свети Атанасиј во Ораовица, денеска се одржа Божествена литургија придружувана од црковниот хор Свети Спасо Радовишки и црковна слава.
Во чест на својот празник, црковниот одбор во цркавата Свети Атанасиј денеска организираше и ручен за сите присутни верници.
Свети Атанасиј Велики е и слава на целото село Ораовица, се празнува и се чекаат гости роднини и пријатели.




Поврзани содржини

Срдечно беа пречекани првачињата во ООУ „Кирил и Методиј“ во Ораовица, Радовиш, кои за прв пат седнаа во училишните клупи

Со света Божествена Литургија денеска беше одбележан големиот верски празник Ѓурѓовден на манастирот Свети Ѓеоргиј во Ораовица

По 20 – ти пат се одржа Меѓународниот фестивал Велигденски средби на Манастирот Свети Ѓеорги во Ораовица

Прекрасен новогодишен амбиент во дворот на ООУ „Кирил и Методиј“ во Ораовица

Се подобрува училишната инфраструктура во Општина Радовиш

Општина Радовиш започна со уредување на кејот на Ораовичка река
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

