Радовиш
Прекрасен новогодишен амбиент во дворот на ООУ „Кирил и Методиј“ во Ораовица
Објавено на
Од
Media Press
Прекрасен новогодишен амбиент во дворот на ООУ „Кирил и Методиј“ во Ораовица, изработено со љубов од учениците и наставниците. Директорката на училиштето Марија Димова со објава на социјалните мрежи ја сподели радоста и убавината на во нивното училиште во пресрет на новогодишните празници.

„Ги научивме нашите ученици вредно да работат и да не споредуваат кој колку работи,туку да се вложува максималното за секоја идеја да биде успешно реализирана. Денес ја украсивме нашата училишна градина. Нека НОВАТА 2024 г Ни донесе среќа, радост, љубов и убавина!!!***СРЕЌЕНИ НОВОГОДИШНИ ПРАЗНИЦИ*** стои во објавата.
Радоста и на учениците и на вработените е голема и со задоволство работеа на украсувањето на училишниот двор.
Поврзани содржини

Срдечно беа пречекани првачињата во ООУ „Кирил и Методиј“ во Ораовица, Радовиш, кои за прв пат седнаа во училишните клупи

Со света Божествена Литургија денеска беше одбележан големиот верски празник Ѓурѓовден на манастирот Свети Ѓеоргиј во Ораовица

По 20 – ти пат се одржа Меѓународниот фестивал Велигденски средби на Манастирот Свети Ѓеорги во Ораовица

Се подобрува училишната инфраструктура во Општина Радовиш

Општина Радовиш започна со уредување на кејот на Ораовичка река

МЗ Изведен: Да се реши прблемот со водоснабдување во Ораовица, ЈП Плаваја: Потрошувачката на вода е зголемена за 3-пати во селото
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!











