Македонија
Пристигнале 14 500 апликации од ученици за упис во средните училишта во земјата, комисиите ги проверуват податоците
Published
1 година agoна
By
Media Press
Комисиите во средните училишта денеска прават проверка на идентичноста на податоците од електронските апликации за упис, пратени во изминатите пет додека траеше пријавувањето, со документите што им се доставуваат.
Над 14.500 пријави пристигнале во базата на податоци на системот за електронско аплицирање на учениците за прва година во средните училишта, модел кој за прв пат се воведе оваа година. Целокупната подготовка од страна на МОН, како и достапноста на порталот за пријавување, резултираше со евидентно порелаксиран процес споредбено со сите минати години и веќе утрово до 08.00 часот имаме апликации на околу 75% од сите ученици, а до крајот на денот очекуваме процентот да биде достигне до 90%.
Ова го истакна министерот за образование и наука д-р Јетон Шаќири на денешната прес конференција, напоменувајќи дека се намалени гужвите во средните училишта во сегментот на пријавување, со што се минимизираа неизвесноста и нервозите од исходот на самиот упис.

– На 16-ти и 17-ти јуни училишните комисии ќе извршат проверка на идентичноста на податоците од апликациите со доставените документи., а веќе на 18-ти ќе бидат објавени и конечните ранг листи на огласните табли на училиштата и на веб страницата на Министерството за образование и наука, истакна министерот.
Воедно, тој, најави неколку новини кои се планирани за следната година, надграден Е-дневник со полесни функционалности, побрзи сервери што во текот на работата на наставниците ќе им овозможи на наставниците непречена работа, мобилна апликација на е-дневник, како и подобра комуникација во реално време со родителите.
– Воведување на електронско свидетелство, автоматско внесување на оценките во е-дневник при аплицирање на основци во средно, како и работиме на идејата за имплементација на нов Higher education management system (HEMIS) за автоматско аплицирање за матурантите на универзитетите. Исто така се планира целосна електронска евиденција на сите студенти од универзитетите и овозможување непречено реализирање на студентските права, рече министерот.
Секоја новина, рече тој, кај сите нас предизвикува страв и несигурност.
Поврзани содржини
Владат го укина задолжителното носење на заштитни маски во затворен простор
Незаборавно искуство на средношколците и на корисниците од ДЦ Порака кои беа дел од заеднички проект
Рудникот Боров Дол го поддржа првиот Social Day организиран во Македонија
Заев: Заеднички договореното решение гарантира квалитет на матурскиот испит
Останува претходно договореното решение во однос на државната матура, за полагање на два екстерни предмети
Средношколците и МОН постигнаа компромис за полагање на државна матура
Македонија
МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито
Published
1 ден agoна
декември 1, 2023By
Media Press
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, распиша јавен повик за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, за мерката 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, односно подмерка 121.12 Набавка на комбајни за жито.
Како корисници се јавуваат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во МЗШВ, согласно Законот за земјоделство и рурален развој, и поседуваат минимум 10 хектари обработлива земјоделска површина под пченица, јачмен, р`ж, тритикале и/или овес.
Максималната вредност на кофинансирана сума по корисник изенсува 3 милиони денари. Финансиските средства се наменети за инвестиции во набавка на комбајни за жито. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.
Крајниот рок за доставување на барањата е до 30 декември 2023 година. Заинтересираните земјоделци своите барања ги поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk.
Повеќе информации за повикот, како и упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на барање, земјоделците можат да погледнат на веб страната на АФПЗРР www.ipardpa.gov.mk
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците, да се заознаат со условите од јавниот повик и навремено да аплицираат, искористувајќи ја можноста за поддршка, модернизирајќи го своето земјоделско производство.
Македонија
Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ
Published
3 дена agoна
ноември 29, 2023By
Media Press
Министерот за надворешни работи Бујар Османи сподели видео во кое се гледа трансформацијата на салата Борис Трајковски во Скопје за одрќување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ.
„Погледнете ја трансформацијата на салата Борис Трајковски. Подготвени сме за одржувањето на 30-от министерски состанок на ОБСЕ!Чест ми е што имаме можност да го организираме еден од најголемите настани што некогаш е направен во земјава“, напиша Османи.

Македонија
Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
Published
3 дена agoна
ноември 29, 2023By
Media Press
Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје, МВР апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 29.11.2023 (среда) од 13.00 часот, па сѐ до завршување на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) 2023 година на 30.11.2023 (четврток), кој ќе се одржува во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, за сообраќај ќе бидат затворени бул.„Илинден“, и тоа од крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“ до крстосницата со ул.„Љубљанска“ и бул.„8 Септември“, од крстосницата со ул.„Скупи“ до крстосница со бул.„Партизански одреди“.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.
МВР апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
