Радовиш
Незаборавно искуство на средношколците и на корисниците од ДЦ Порака кои беа дел од заеднички проект
Објавено на
Од
Media PressУчениците од СОУ „Коста Сусинов“, Радовиш кои беа дел од проектот за реализација на претставата „Волшебникот и пријателите“ го споделија своето искуство од соработката со децата од дневниот центар Порака од Радовиш. Иако како што велат и самите се аматери сепак ова било едно прекрасно доживување за нив и раѓање на едно ново пријателство. Истото искуство го делат и децата од Порака. Денеска тие на покана на директорот на СОУ „Коста Сусинов“ Гоце Лазаров, се сретнаа со своите нови пријатели во средното училиште и си ги разменија своите искуства и доживувања.
Професорката Катерина Диманова Јованова која беше ментор на проектот, вели дека досега подготвувала многу театарски претстави но оваа и била најмила.
Театарската претстава „Волшебникот и пријателите“ досега се прикажуваше пет пати во центарот за култура Ацо Караманов во Радовиш и секогаш салата беше полна со публика.
Проектот беше во заедничка соработка помеѓи СОУ “Коста Сисинов“, ДЦ Порака и ЦК „Ацо Карманов“ од Радовиш.
Поврзани содржини

Корисниците од ДЦ ПОРАКА од Радовиш денеска се дружеа во ресторан, по повод роденденот на нивниот пријател Николајчо Николов

Дневниот центар „Порака“ од Радовиш го одбележа 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Градоначалникот на општина Радовиш денеска ги посети членовите на ДЦ Порака и ги израдува со новогодишни подароци

Новогодишни подароци од рудникот Бучим и годинава за корисниците од ДЦ Порака во Радовиш

Дневниот центар Порака од Радовиш свечено го одбележа Меѓународниот ден на лица со попреченост 3-ти Декември

Практични и наменски новогодишни подароци за корисниците од ДЦ Порака и годинава од рудниците Бучим и Боров Дол
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

