Connect with us

Македонија

Останува претходно договореното решение во однос на државната матура, за полагање на два екстерни предмети

Avatar

Published

на

Претседателот на Владата Зоран Заев вчера попладне ги прими претставниците на Сојузот на средношколци во насока на продолжување на разговорите и изнаоѓање решение за нивните барања за модифицирање на државната матура.

На средбата, на која присуствуваа и директорката на Државниот испитен центар Елизабета Наумовска, директорот на Бирото за развој на образованието Зеќирија Хасипи, Ѓорги Тасев, советник на Премиерот за млади и младински политики и пратениците Моника Зајкова и Дарко Каевски беше посочено дека претходно договореното решение во однос на државната матура, за полагање на два екстерни предмети останува.

Преговорите продолжуваат во работни групи во делот на изнаоѓање најсоодветен концепт, односно модел за изведување на интерните предмети.

Присутните на денешната средба се согласија и ја поздравија одлуката низ дијалог да се изнајде најсоодветното компромисно решение, кое ќе ги доведе во рамноправна положба сите матуранти да можат да го остварат своето идно образование.

Македонија

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски го поддржува Африм Гаши за претседател на Собранието

Avatar

Published

на

Африм Гаши има поддршка од Знам за претседател на Собранието. Лидерот на Знам, Максим Димитриевски, пред почетокот на денешната конститутивна седница во парламентот, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека ќе го поддржат Гаши.

На денешната конститутивна седница ќе биде конструиран новиот парламентарен состав.

Во новиот парламентарен состав најмногу пратеници има коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ – 58, коалицијата За европска иднина предводена од СДСМ има 18 пратеници, коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ има исто 18 пратеници, коалицијата Вреди 14, Левица шест и ЗНАМ шест пратеници.

За нов собраниски спикер е најавен да биде Африм Гаши од коалицијата ВРЕДИ.

Прочитај повеќе

Македонија

АПАСИЕВ: Ние сите шестмина БИ ДАЛЕ ПОДДРШКА за Гаши да не биде претседател на Собранието

Avatar

Published

на

Пред денешната собраниска Седница, Лидерот на #Левица – Димитар АПАСИЕВ изјави дека партијата е спремна да ги даде своите шест гласови во македонскиот парламент, за Гаши да НЕ биде Претседател на Собранието на Република Македонија.

Како главна причина зошто Левица не поддржува Гаши да биде Претседател на собранието Апасиев наведе дека е „противуставно да се зборува на друг јазик освен на македонски кога се претседава со Седница“.

Левица отворено го повикува Мицкоски да не даде поддршка за косоваризација на Собранието на Република Македонија! Апасиев најави дека партијата е спремна да даде бланко поддршка на невидено за Македонец да управува со законодавниот дом во Републиката!

Прочитај повеќе

Македонија

Мојсоска: „НИЕ НЕ СЕ ШИТКАМЕ“ Пратениците на Левица нема да поддржат „Бугари во Устав“ и по цена да лежат во затвор

Avatar

Published

на

Ние не се продаваме. Нашите пратеници никогаш нема да поддржат непринципиелни работи, рече новоизбраната пратеничка од Левица, Јована Мојсоска, во гостувањето на ТВ 24.

– Она што ние го докажавме во претходниот мандат е дека ние не се шиткаме, дека ние не се продаваме. Нашите пратеници никогаш нема да поддржат непринципиелни работи. Нема да ги видите како гласаат за легализација на дивоградби, за промена на уставно име… Како што кажа дури и нашиот пратеник Борислав Крмов во едно интервју, уште кога беше жешка темата „Бугари во Устав“, ние попрво би лежеле во затвор, отколку да гласаме за Бугари во Устав – истакна Мојсоска.

Според неа, ваквиот начин на дејствување на Левица е препознаен и поддржан од народот.

– Тоа е она што го препознаваат нашите поддржувачи. Таа искрена непоткупливост, таа искрена неподмитливост. Ние покажавме дека и во Собранието, за жал, кое беше сведено на едно ниво на сточен пазар, па секој пратеник си има цена, можат да влезат поединци за кои платформата, програмските заложби и идеалите се единствените принципи по кои тие делуваат. И затоа, тоа што го докажаа нашите два пратеника во изминатиот мандат – како што видовте тие беа и опозиција на власта и опозиција на опозицијата кога имаше договарања меѓу власта и опозицијата, сега нам ни го донесе овој зголемен број на пратеници. Очигледно, народот го препозна тоа и народот го бара тоа во овие историски услови – рече првата жена – пратеничка од Левица и генерален секретар на партијата, Јована Мојсоска.

Прочитај повеќе