Македонија
Ниски температури од жолта фаза во цела држава, Министерството за здравство со препораки до населението
Published
3 години agoна
By
Media PressКомисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови при Министерството за здравство по добиената најава од Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во текот на денешниот ден, целата територија на државата ќе биде зафатена со ниски температури кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза.
На целото население се препорачува да се посвети внимание на заштита на здравјето, особено носење топла повеќеслојна облека, соодветни обувки за снег и мраз, почеста консумација топли напитоци, избегнување алкохол, бидејќи го зголемува ризикот од хипотермија, како и редовно земање на пропишаната терапија кај хронично болните, а во случај на потешкотии со дишењето, се препорачува граѓаните веднаш да се јават кај својот матичен лекар.
Воедно, се препорачува да се избегнува практикување физичка активност на отворено, а при движење особено да се внимава на лизгави површини.
Комисијата при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата низ целата држава и јавноста соодветно ќе биде информирана, велат од Министерството.
Поврзани содржини
СДСМ на Конгрес ги објави носителите на кандидатските листи за пратеници, Венко Филипче ќе биде носител во четворката
Движење ЗНАМ-За наша Македонија ги утврди носителите на кандидатските листи за претстојните избори
Собранието го изгласа Законот за забрана на нефер трговски практики, кој би требало да донесе поевтинување на цените
По зголемувањето од 78% повторно зголемување на платите на функционерите од 300 до 500 евра
8 кандидати во трка за претседател на државата, Пендаровски од СДСМ, Силјановска Давкова од ВМРО ДПМНЕ повторно ќе ги одмерат силите
Сезона на грип, но како да препознаете дали станува збор за грип или настинка
Избори 2024
Апасиев од Велес: На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници
Published
16 часа agoна
април 19, 2024By
Media PressВчера и официјално Левица ја започна кампањата за Парламентарните избори 2024 од Велес. Во присуство на огромен број граѓани, претседателот на #Левица, Димитар Апасиев заедно со претседателскиот кандидат проф. д-р Билјана Ванковска и носителот во ИЕ 3, Борислав Крмов се обратија пред велешани.
„На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници, а на наредните СДС мора да падне под 10 пратеници и да исчезне, а Левица ќе има над 30 пратеници“ порача лидерот на партијата Апасиев.
Избори 2024
Димитар Ковачевски од Гевгелија: ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите
Published
17 часа agoна
април 19, 2024By
Media Press„Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа. Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија, која сее раздор, навреди, омаловажувања и закани, која на граѓаните може да им понуди враќање во минатото и изолација“, ова го истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на митингот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Гевгелија .
Тој додаде деја ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите. „Напротив, се слушаат нивни изјави каде велат дека не треба да станеме членка сто години, а можеби и никогаш. Тоа е доказ дека ја продолжуваат политиката на Никола Груевски. Со нив, Македонија ќе се врати во чекалниците на ЕУ и во темното минато на недемократските процеси“, истакна Ковачески.
Избори 2024
Мицкоски од Охрид: Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот
Published
18 часа agoна
април 19, 2024By
Media Press„Почнуваме силно и одлучно, во финалната трка од која ќе победи народот на Македонија.„Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега – за преобликување на иднината и јасна траекторија за успех на државата“, порача лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во Охрид од каде ја стартуваа изборната кампања за парламентарните избори.
„Стојам денес пред вас на неколку дена од првиот круг на претседателските избори, и ви кажувам одговорно и гордо – победуваме!
Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот! И да ја одземеме од рацете на 100-тина функционери од ДУИ и нивните измеќари од СДСМ!
Победата мора да е голема за да видат сите оние кои се прашуваат дали народот ќе дојде по своето, за да им докажеме и на најголемите скептици кои го потценуваат овој народ, дека Македонија и нејзините граѓани се горди и достоинствени и дека доаѓаат по своето, доаѓаат по својата единствена татковина Македонија. Доаѓаат да си ја земат државата во свои раце, затоа што лошо се живее, затоа што институциите се распаднати, затоа што државата е киднапирана од неколкумина од ДУИ и СДСМ и нема набавка или тендер кој не е злоупотребен, нема работник кој не е разочаран, нема пензионер кој не е загрижен, нема доктор и инженер кој не се прашува што бара тука, нема млад кој не е скептичен, и ретко човек кој не помислил дали да си оди од овде. Накусо нема надеж и сон кои не се уништени“ истакна Мицкоски на митингор во Охрид.