Connect with us

Македонија

Пендаровски-Мишел: Лидерите на ЕУ да го исполнат ветеното и да започнат пристапните преговори со Македонија и Албанија

Avatar

Published

на

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во „Вила Билјана“ во Охрид го пречека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел кој престојува во посета на  Македонија, по што се одржа тет-а-тет средба и заедничка прес-конференција.

„Вашата посета во овој турбулентен период за Европа и светот, на само неколку дена пред јунскиот Самит на Европската унија, укажува на потребата од координација на чекорите меѓу Балканот и Унијата во очи на нужноста од решителни и принципиелни одлуки.

Искрено се надевам дека следната недела во Брисел, лидерите на Европската Унија, конечно ќе го исполнат сопственото ветување од март 2020-та кога Советот за општи работи едногласно донесе одлука во најбрз можен рок да започнат пристапните преговори со Северна Македонија“, рече претседателот Пендаровски по средбата.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел смета дека Македонија и Албанија треба што е можно поскоро да ги почнат преговорите со Европската унија, што е важно не само за двете земји туку и за целиот регион воопшто, особено во контекст на новите геополитички случувања. „Европската политичка заедница“, нагласува, не е алтернатива за проширувањето, туку процес кој ќе овозможи продлабочување и унапредување на соработката.

-Војната во Украина отвори ново поглавје во европската историја и го стави проширувањето на ЕУ во преден план. Ќе упатам една јасна порака – ЕУ е цврсто посветена на вашит влез во Унијата. Почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија треба да отпочне што е можно поскоро. Тоа е врвен приоритет и ги поддржуваме сите напори да се најде заедничко прифатливо решение за отвореното билатерално прашање со Бугарија. Јас сум навистина вклучен со Франција и ЕУ да помогнеме да се придвижи овој процес нанапред и убеден сум дека ќе имаме позитивен развој многу брзо, што ќе биде секако многу важно за вашата земја и за целиот регион, рече на заедничката прес-конференција со претседателот Стево Пендаровски што се одржа во Охрид.

Тој најави дека наредната недела ќе организира состанок на 27-те земји членки и земјите од Западен Балкан.

Македонија

Ценовник за ППР за Парламентарни избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Парламентарни избори- 2024) за избори на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе

Македонија

Демократски Сојуз: Коалицијата со СДСМ ја напуштивме пред повеќе од една година

Avatar

Published

на

 Во интерес на објективно информирање, Демократскиот сојуз ја известува јавноста дека не сега, туку пред повеќе од една година, на 13.02.2023 година, ја напуштиле коалицијата предводена од СДСМ.

„Причините за напуштање на коалицијата беа неисполнување на коалицискиот договор и погрешните политики на СДСМ, пред сѐ блокадата на измените на Изборниот законик со кој предлагавме Македонија да биде една изборна единица, противењето на реформи во правосудниот систем, високата криминализација и отсуството на борба против високата корупција, непринципиелната коалиција при реконструкцијата на владата и неводењето сметка за соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници во власта, како и блокадата на евроинтеграциските процеси со прифаќање на Преговарачката рамка без поширок граѓански и политички консензуз“ велат од Пертијата.

Инаку, за соработка и заеднички настап на претстојните парламентарни избори Демократскиот сојуз има приоритети меѓу кои се: темелни уставни реформи со донесување на нов Устав (без Бадентер и Балансер), реформи во судскиот систем и реизбор на судиите и обвинителите, изградба на ефикасен систем за борба против корупцијата и формирање Агенција за борба против тешките облици на криминал, вклучување на младите во власта (најмалку 30% во советите на општините и парламентот) и посебни предуслови за отворање на бизнис, реформи на администрацијата (укинување на 50% од министерствата, агенциите, регулаторните тела итн.), намалување на бројот на пратениците на 90, но и Македонија да биде една изборна единица, како круцијален предуслов за демократизација и промена на власта, најавува ДС.

„Во оваа насока се и нашите цврсти партиски определби за полноправно членство во ЕУ, продолжување на реформите во одбраната како членка на НАТО и водење надворешна политика согласно нашите стратешки цели и интереси усогласена со политиките на ЕУ и стратешките партнери, пред сѐ на САД.

Демократскиот сојуз како автентична политичка партија, препознатлива по своите политички ставови и определби е подготвена за парламентарните избори.

До крајот на оваа недела јавноста ќе биде информирана за тоа како и со кои партии ќе настапиме на изборите, но во интерес на државата и граѓаните е да се формира широк промакедонски опозиционен блок, преку кој граѓаните ќе ги поразат погубните и анационални политики на ДУИ и СДСМ“, стои во партиското известување.

Прочитај повеќе

Македонија

МЗ со посебен фокус на превенција и спречување на туберкулозата во земјава, во 2023 се регистрирани 160 новозаболени

Avatar

Published

на

„Министерство за здравство посебен фокус посветува на превенција и спречување на туберкулозата во земјава. Секоја година се изготвува Програма во која се содржани превентивни мерки и активности за спречување на туберкулозата во земјава. Како специјалист-инфектолог, но и како министер за здравство свесен за важноста на борбата против туберкулозата верувам ќе придонесеме во создавање услови да бидеме дел од генерацијата која ќе го испише последното поглавје на туберкулозата“, посочи министерот за здравство д-р Илир Демири.

Директорот на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, д-р Сеад Зејнел информираше дека нашата држава во последните 15 години има континуиран пад на бројот на новозаболени со туберкулоза, така на пример во 2019 година биле откриени 199 нови случаи, а во 2023 се регистрирани 160 новозаболени.

„Сепак, вкупниот број нови случаи за 2023 е благо поголем од трите години на пандемијата со ковид (2020 до 2022 година), што значи дека јазот меѓу пријавените случаи и реалната бројка се стеснува, а тоа е и основна цел на нашите напори во борбата против туберкулозата“, вели д-р Сеад Зејнел.

Прочитај повеќе