Connect with us

Радовиш

Три нови струки во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш кои ќе бидат и финансиски поддржани

Avatar

Published

на

СОУ Коста Сусинов од Радовиш годинава нуди три нови  струки од кои едната е дуална паралелка во која учениците своето теоретски знаење,  ќе можат да го надополнат со посетување на пракса во компанија во случајот во Радовиш во рудниците Боров Дол и Бучим. Учениците од оваа паралелка ќе добиваат и месечна стипендија од министерството за образование од 3.500 денари месечно.

„Трите нови струки освен гимназиските паралелки се Електротехничка струка -профил, електротехничар енергетичар, Машинска струка – профил, машински техничар и Рударско, геолошка и металуршка струка – профил, рударско- геолошки техничар“, рече директорот на училиштето Гоце Лазаров.

Според соопштувањата на Министерството за образование и наука за сите ученици кои ќе одберат некои од понудените стручни профили, а со цел мотивирање на учениците да го одбираат средното стручно образование, за прв пат од новата учебна 2021/2022 година се воведуваат 2.200 стипендии за сите оние кои ќе се запишат во прва година во средно стручно училиште и од нив, 2000 стипендии во месечен износ од 3.500 денари ќе бидат наменети за ученици запишани во дуалните паралелки во четиригодишното образование, како и за ученици запишани во тригодишно образование, додека 200 стипендии ќе бидат наменети за ученици запишани во дефицитарни струки како електро-техничка, машинска, итн.

 Вкупно според конкурсот во средното училиште во Радовиш  ќе можат да се запишат околу 300 ученици во прва година, кои ќе бидат распоредени во девет паралелки.

Радовиш

Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.

„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Tрибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, ќе се одржи во Радовиш

Avatar

Published

на

Бидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.

Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.

Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија, трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.

Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.

Прочитај повеќе

Радовиш

На подрачјето на Радовиш, санкции за 24 возачи за прекршувања на брзината

Avatar

Published

на

На 24.03.2024 во времето до 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 24 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија и 14 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе