Connect with us

Радовиш

Доделени дипломи и признанија на учениците од СОУ Коста Сусинов – Радовиш за нивните достигнувања во претходната учебна година

Avatar

Published

на

Вчера со почеток во 18 часот, се одржа Свечена трибина во свечената сала на СОУ “Коста Сусинов” во Радовиш по повод доделување на дипломи и признанија на учениците за нивните достигнувања во претходната учебна година, како и на нивните ментори кои трудољубиво и неуморно работеа со нив преку целата учебна 2020/21 година, и покрај тоа што наставата се одвиваше од далечина во пандемиски услови.

“За вас средното образование трае само 4 – ри години , но резултатите и постигањата се оние нешта кои траат вечно, кои го покажуваат патот и не охрабруваат. Малку е ако кажам дека сум искрено среќен на вашите постигања, бидејќи тоа не се успеси кои се случуваат без труд, туку напротив зад секој успех предходи сериозна подготовка и темелна работа. Треба да разбереме дека само низ напредокот и личниот развој можеме да го подобриме светот, а токму вие со вашата младост и со вашите знаења го можете тоа“, рече директорот Гоце Лазаров кој им се обрати на присутните ученици и ментори.

„Имам потреба најсрдечно да им честитам на менторите кои цело време ги водеа учениците, кои беа со нив во секој дел од денот и со нивната посветеност и труд ги остварија резултатите на кои секој од нас се радува. Успехот на секој од вас го покажува вистинското лице на нашето училиште „Коста Сусинов“ кое покажува и умее да го следи трендот на современо образование во насока на напредок и развој. Нека овие дипломи и признанија бидат почеток и скоромен допринос за следните ваши успеси.” додаде Лазаров во своето обраќање.

На свеченост беа доделија дипломи, признанија и пофалници на сите ученици кои учествуваа на натпревари по било кој наставен предмет во учебната 2020/21 година и беа наградени и пофалени.

Потоа на сите ученици кои беа номинирани за ученици на годината I,II и III, како и тие што беа избрани за Најдобар ученик на годината за учебната 2020/21 година, како и на сите ученици кои учествуваа и беа наградени на Образовното рандеву на МАССУМ во учебната 2020/21 година, Trash Fashion, Willkommen, Караманови поетски средби и литературни конкурси.

Радовиш

Пријавила во полиција дека на ул.„Калаузлиска“ во Радовиш била физички нападната

Avatar

Published

на

На 28.03.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Радовиш, Ф.К.(20) од Радовиш пријавила дека на ул.„Калаузлиска“ во Радовиш била физички нападната од М.А. од Радовиш. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прочитај повеќе

Македонија

Ценовник за ППР за Парламентарни избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Парламентарни избори- 2024) за избори на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Ценовник за ППР за Претседателски избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Претседателски избори 2024) за избори за Претседател на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе