Connect with us

Радовиш

Учениците од СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш беа дел од претставата „Волшебникот и пријаталите“ заедно со корисниците од Порака

Avatar

Published

на

Учениците од СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш имаа можност да учествуваат во театарската претстава „Волшебникот и пријаталите“ којашто беше во продукција на ЦК „Ацо Караманов“ во Радовиш во соработка со Дневниот центар „Порака“ од Радовиш. Учениците заедно со нивниот ментор, а воедно и драматург  Катерина Диманова Јованова на претставата која се прикажува веќе неколку пати во центарот за култура, ги покажаа своите извонредни таленти и се здобија со едно незаменливо животно искуство.

Психологот Виолета Србакова при средното училиште во Радовиш, за процесот на создавање на овој непроценлив продукт вели:

                „Возбудата помешана со гордост дека и тие можат е печатот кај лицата со попреченост, од дневниот центар „Порака“. Одговорноста со која ги прифаќаат задачите, упорноста со која ги повторуваат дејствата , нестрпливасто да се дојде на ред и да се одигра својот дел од улогата се за почит. Изградија однос полн со доверба кон средношколците од СОУ „Коста Сусинов“, ги вклучија во својот свет, горди дека се дел од една поголема слика. Знаат дека истата ќе дојдат да ја видат и други луѓе, надвор од нивното вообичаено опкружување.

                Впечатокот кој го остава оваа аматерска театарска група е дека навистина секој може да оствори нешто повеќе од вообичаеното, само треба да му се даде шанса и да му се отвори просторот. Ќе треба да работиме на одржливост на позитивните искуства и практики, а ова е една од нив.“

Радовиш

Пријавила во полиција дека на ул.„Калаузлиска“ во Радовиш била физички нападната

Avatar

Published

на

На 28.03.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Радовиш, Ф.К.(20) од Радовиш пријавила дека на ул.„Калаузлиска“ во Радовиш била физички нападната од М.А. од Радовиш. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прочитај повеќе

Македонија

Ценовник за ППР за Парламентарни избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Парламентарни избори- 2024) за избори на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Ценовник за ППР за Претседателски избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Претседателски избори 2024) за избори за Претседател на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе