Connect with us

Радовиш

Деновиве активно се работи на санација на кровот на ЦК „Ацо Караманов“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Деновиве активно се работи на санација на кровот на центарот за култура “Ацо Караманов“ во Радовиш, проект кој го реализира Општина Радовиш се средства од сопствениот Буџет.

„Конечно ставаме крај на прокиснувањето и оштетувањето на зградата кое се појавува како последица на влагата.  Културните работници, уметниците и граѓаните ќе се вратат во подобри услови“, вели градоначалникот Герасим Конзулов.

 Последен пат кровот  на центарот за култура беше реконструиран пред 10-тина години но последната година повторно се појавија проблеми.

„Следна фаза ќе биде реконструкција на внатрешниот дел односно на плафонот кој е оштетен од прокиснувањето на кровот“, вели директорката на домот на културата Изабела Ангелова, која изразува благодарност до Општина Радовиш и до градоначалникот Конзулов за реализацијата на овој проект.

 Инаку центарот за култура „Ацо Караманов“ е единственото место каде се одржуваат сите културни настани, манифестации, концерти, изложби, театарски претстави, кино проекција и други настани со кои се  унапредува културата во Радовиш.

Радовиш

Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци” – Радовиш го одбележа Меѓународниот ден на книгата и авторското право

Avatar

Published

на

Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци” – Радовиш го одбележа Меѓународниот ден на книгата и авторското право.

Одбележувањето беше со објавување на резултатите од традиционалниот награден конкурс за ученици од основно образование на тема: ,,Книгата и знаењето – цел универзум” што библиотеката го распиша по повод овој Меѓународен ден.

Во рамките на ова, за најдобра песна беше прогласена творбата на ученичката Јована Ѓоргиева од ПОУ ,,Орце Николов” од село Злеово. За второ наградена песна беше песната на ученикот Ѓорге Газепов од ООУ ,,Крсте Петков – Мисирков” од Радовиш. а третопласирана беше творбата на ученичката Данче Митковска од ООУ ,,Коста Рацин”- од село Подареш.

На останатите учесници на конкурсот како и на менторите на учениците, им беа доделени признанија за учество на конкурсот.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОУ Никола Карев од Радовиш го одбележа својот патронен празник

Avatar

Published

на

ОУ Никола Карев од Радовиш со пригодна програма го одбележа својот патронен празник. Беше одржана свечена академија и спортски натпревари. Исто така беа доделени и награди и признанија за освоени прво второ и трето место во спортски натпревари и во литературен конкурс, како и благодарници за успешна соработка.

Прочитај повеќе

Радовиш

Радовишанец извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село

Avatar

Published

на

На 24.04.2024 во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45 годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во  повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Исто така во текот на вчерашниот ден имало уште неколку пријави за физички напад.

На 24.04.2024 во 23.40 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш го привеле О.С.(29) од село Покрајчево, радовишко. Тој околу 22.30 часот во село Покрајчево учествувал во физичка пресметка со К.С.(60) од село Покрајчево, со што го нарушиле јавниот ред и мир.  Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 24.04.2024 во 21.15 часот во Полициската станица Радовиш А.С.(36) од Радовиш пријавил дека околу 20.00 часот на ул. „Мирче Ацев“ во Радовиш бил физички нападнат од Е.Б. и Б.„Н“. и двајцата од Радовиш. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе