Радовиш
Лишен од слобода 26 годишен радовишанец, осомничен за силување на малолетничка
Published
3 години agoна
By
Media PressНа 21.04.2021 година, Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основен суд Струмица поднесе кривична пријава против С.М. (26) од Радовиш, поради постоење сомнение дека ноќта помеѓу 20/21.04.2021 година во Радовиш осомничениот извршил обљуба врз малолетничка.
„С.М. е лишен од слобода и во текот на денот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица“, иформира СВР Струмица.
Поврзани содржини
Агресивно однесување од страна на Радовишани кон службените лица од Центар за социјални работи и полицијата
Приведенo 24 годишното момче кое со возило помина низ радовишкото шеталиште
Пијан радовишанец уапсен од страна на полицијата
Радовишанец се здоби со кривични пријави за измама со мебел
Кривична пријава против радовишанец поради непочитување здравствени прописи за време на епидемија
Спречена тешка кражба во Радовиш, сторителите се уапсени
Радовиш
Отворена ликовна изложба на дела изработени од млади уметници кои беа дел од ликовниот курс организиран од ДЛУР Рада од Радовиш
Published
12 часа agoна
март 18, 2024By
Media PressОтворена ликовна изложба на дела изработени од млади уметници кои беа дел од тримесечниот ликовниот курс организиран од ДЛУР Рада од Радовиш. Изложбата беше организирина во саботата во Музејот на љубовта и уметноста во Радовиш.
Ова е втора година по ред како се организира ваков курс со поддршка на Општина Радовиш, а во органзиација на друштвото на ликовни уметници Рада, со цел подучување и негување на уметноста кај младите и талентирани ученици.
Во присуство на нивните родители им беа додлени сертификати за завршен прв и втор курс.
Изложбата ќе биде отворен во наредните десетина дена после 17 часот, а потоа учениците ќе можат да си ги подигнат сликите, рече Душан Коцев претседател на ДЛУР – Рада од Радовиш, кој заедно со Крсте Тарабунов, ги држеа часовите по уметност на младите уметници.
Градоначалникот Ацо Ристов им честита за добиените сертификати и им посака успех и понатаму да ја негуваат уметноста.
Радовиш
Во сабота, во Радовиш, добротворен маратон под мотото “Маратон за Сандра”
Published
5 дена agoна
март 14, 2024By
Media PressВо сабота 16.03 со почеток од 9:30 семејството на Сандра Дејановска Крстев, организира добротворен маратон под мотото “Маратон за Сандра”. Семејството ги повикува сите добронамерни граѓани да се вклучат во маратонот, билетите за учество веќе се пуштени во продажба, а можат и да се купат и на самиот почеток на маратонот во сабота. Билетите се по цена од 200 денари.
Сандра Дејановска Крстев е наша сограѓанка кој боледува од редок вид на канцер, таа моментално е на лекување во Турција. Лекувањето е долго и макотрпно, семејството се надева на големата животна победа на Сандра. Сите ние можеме да се вклучиме. Маратонот почнува пред Спортската сала 25 мај во Радовиш, и продолжува по булеварот Александар Македонски.
Радовиш
Петрова: Малите и средни компании се витален дел од македонската економија
Published
5 дена agoна
март 13, 2024By
Media PressДополнителниот заменик-министер за финансии Елена Петрова денеска беше во посета на Општина Радовиш. Заедно со градоначалникот Ацо Ристов и секретарот Љупче Почивалец, посетија неколку мали и средни компании во Општина Радовиш, кои се витален дел од македонската економија.
Петрова рече дека целта на ваквите посети и да се видат проблемите со кои се соочуваат овие компании и на кој начин може да им се помогне, бидејќи како што рече малите и средни компании се црвените крвни зрнца на македонската економија.