Connect with us

Регион

Растат бројките и во Југоистокот, за два дена 167 нови случаи и 13 починати лица од корона вирусот

Media Press

Published

на

 За последните два дена починале 86 лица во земјава а регистрирани се околу 2500 нови случаи. Алармантна е состојбата и во Југоистокот.

  Во последните два дена од  направените околу 8 400 тестирања во земјава,  регистрирани се околу 2500  нови случи  од кои 167 се од Југоистокот .  

 Во Струмица  за два дена се евидентирани 75 нови случаи,  во Гевгелија 46, во Радовиш  22, во Валандово  17, во Богданци 3 и во Дојран 2   нови случаи.

Вкупно во земјава починале 86 лица, од нив 13 лица во регионот, 8 од Струмица, од Гевгелија 2, Радовиш 2 и Валандово 1 лице.

Регистрирани се и оздравени пациенти од: Гевгелија 36, Струмица 34 , Радовиш  18, Валандово 15,  Дојран 3 и Богданци 1  .

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 138.891, бројката на оздравени пациенти е 112.619, на починати е 4.108, а бројот на активни случаи изнесува 22.164 и тие декојденвно се менуваат.

Во тек е вакцинацијата на наслението според приоритетни групи во спортскиот центар во Скопје со спутник вакцината,  како и на грѓаните постари од 77 години  во здравствените домови во земјата со Астра Зенека. Вакцината на Астра Зенека не се дава на лица помлади од 60 години во нашата земја, поради несакани ефекти во форма на тромботични состојби кај млади луѓе.

 За сите што ја примија оваа вакцина во Србија дополнително ќе се одлучува во однос на ревакцинацијата.

Регион

27 лица во Југоистокот санкционирани за неносење заштитна маска

Media Press

Published

на

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР, по однос на задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 27 лица не ја почитувале, од кои 13 во Гевгелија, 9 во Радовиш и 5 во Струмица и ќе следуваат соодветни мерки.
На подрачје на Гевгелија констатирано е и едно непочитување на забрана за движење.

Прочитај повеќе

Радовиш

15 радовишани биле казнети за неносење заштитна маска во текот на изминатото деноноќие

Media Press

Published

на

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (20.04/21.04.2021), по однос на задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 32 лица не ја почитувалe, од кои 15 во Радовиш, 11 во Гевгелија, 4 во Струмица и 2 во Валандово и ќе следуваат соодветни мерки. Во истиот период две лица(по едно во Гевгелија и Струмица ) не ја почитувале забраната за движење, соопштува СВР Струмица.

Прочитај повеќе

Регион

Бројот на нови случаи со Ковид – 19 во Југоистокот сеуште висок

Media Press

Published

на

Бројот на нови случаи со Ковид-19 во Југоисточниот регион како и во државата сеуште  висок. Во последните 24 часа се направени 3.171 тестирања, а регистрирани се 766 нови случаи на КОВИД-19  во земјата. Од нив 59 во Југоистокот.

-Струмица 33, -Гевгелија  13, -Радовиш 10 и Валандово 3.

Пријавени се вкупно 31 починато лице од кои три од регионот: 2 лица од Гевгелија (68г и 73г) и едно лице од  Струмица (59г).

Регистрирани се 1.118 оздравени пациенти на ниво на држава, од нив 98 во општините од регионот:

-Струмица 48, -Гевгелија 30, -Радовиш  8, -Дојран 6, – Богданци  4 и Валандово 2.

Досега во земјата се направени вкупно 695.267 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.995, бројката на оздравени пациенти е 124.828, на починати е 4.509, а бројот на активни случаи изнесува 18.658.

Според министерот за здравство Венко Филипче бројот на хоспитализации во болниците се намалува, а се зголемува бројот на исписи на пациенти со Ковид-19, но сеуште нема простор за опуштање и граѓаните треба да продолжат да ги почитуваат мерките.

„Се намалува и бројот на позитивни пациенти, што значи дека мерките даваат резултати“, објави на својот фејсбук профил министерот Филипче.

Болничките капаците во Струмица и Гевгелија суште остануваат исполнети.

Прочитај повеќе