Connect with us

Македонија

Вкупно 92 лица од 330.000 кои се ревакцинирани заболеле по заразување со коронавирусот

Avatar

Published

на

Вкупно 92 лица од 330.000 кои се ревакцинирани заболеле по заразување со коронавирусот, објави министерот за здравство, Венко Филипче.

Ова, додаде тој, значи дека процентот на заболени лица кои се ревакцинирани е многу мал односно изнесува 0,02 проценти, што според Филипче е уште еден доказ за тоа колку е корисна вакцината.

Според министерот, денеска ќе биде надмината бројката од 500.000 вакцинирани со најмалку една доза, од кои над 330.000 се ревакцинирани.

„Очекуваме до крајот на август сите 500.000 да бидат ревакцинирани“, рече Филипче.

Тој апелираше до сите граѓани дека вакцината е единствениот начин да се смени сликата за пандемијата.

Како што кажа во продолжение, засега не се планирани нови рестриктивни мерки. Се размислува дали да се направи нешто од септември или почетокот на октомври.

Македонија

МФ за зголемувањето на цените на полисата за автоодговорност: Извршена е корекција на цената во делот на премија (режиски трошоци)

Avatar

Published

на

Осигурителните компании ја зголемија цените на полисата за автоодговорност за 15,4 отсто. Наместо досегашните 5.453 денари за полиса за осигурување за 44 до 55 киловатно возило, сега треба да се издвојат 6.292 денари или 893 денари повеќе. Досега 6.166 денари чинеше полиса за автоодговорност за возила од 55 до 66 киловати. Со промените на цените сега тоа ќе ги чини граѓаните 7.115 денари.

Министерството за финансии во врска со оваа одлука вели:

„Министерството за финансии во врска со донесените одлуки од страна на осигурителните компании за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност, денеска ја свика Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која одржа седница со цел да ги разгледа сите аспекти од носењето на овие одлуки. При тоа заклучи во понеделник на нова седница да разгледа Извештај од Националното биро за осигурување за оправданоста и исправноста на донесените одлуки од страна на осигурителните компании и да преземе соодветни чекори во насока на заштита на крајните потрошувачи.

Истовремено, Министерството за финансии врз основа на добиеното известување од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување, која е регулатор на осигурителниот сектор, денеска се обрати и до Комисијата за заштита на конкуренцијата, со цел да се испита дали се прекршени правилата на фер и конкурентно однесување, а согласно oдредбите од Законот за заштита на конкуренцијата“ соопштуваат од министерството. 

Имено, Комисијата за автомобилска одговорност која е именувана од страна на Владата на Република Македонија согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот ја сочинуваат членови од Министерството за финансии, Националното биро за осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето,  е надлежна за утврдување на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица. Односно утврдување на премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која се состои од техничка премија, која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата и дел на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци) што гг утврдуваат осигурителните друштва самостојно со посебна одлука на Друштвото за осигурување.

„При тоа посочуваме дека техничката премија којашто е дел од премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата, останува непроменета. Со донесените одлуки од страна на осигурителните  друштва, кои се доставени до Агенцијата за супервизија на осигурувањето на  23 април 2024 година, а со примена од 25 април 2024 година, е извршена корекција на цената во делот на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци)“ информираат од МФ.

„Министерството за финансии беше информирано во текот на вчерашниот ден од страна на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, како регулатор на осигурителниот пазар во земјата, дека мнозинството друштва за осигурување донеле одлуки и доставиле известување до Агенцијата за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност на 23 април 2024 година со примена од 25 април 2024 година, а со интервенција во делот на премијата за вршење на дејноста осигурување (режиските трошоци) кои осигурителните друштва самостојно ја утврдуваат“ стои во известувањето.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Сашко Јанчев (Носител во ИЕ4) со мерки од изборната програма за Парламентарни избори 2024

Avatar

Published

на

Носителот од Левица во ИЕ 4 Сашко Јанчев ја презентира својата програма пред граѓаните и како што вели во неа се предвидени пред се проекти за сите граѓани.

„Максимирање на цените на метар-квадратен станбена површина. Предвремена пензија за родителите и дневни центри за лицата со посебни потреби. Зголемување на минималната плата, минимална пензија 2/3 од минималната плата, изградба на државни пензионерски домови. Бесплатно земјиште и неповратни сретства за лицата кои што сакаат да се занимаваат со земјоделие и да живеат на село. Дуплирање на субвенциите за мали производители.“ се само дел од програмата на Левица

Прочитај повеќе

Избори 2024

СДСМ: СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа

Avatar

Published

на

„Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија.Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен“, порачуваат од СДСМ.

„Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 ми мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ Со исправена глава, поставени на вистински европски пат кој е единствена опција за суштинска промена во нашата држава. Во тоа име ве повикувам масовно, ги повикувам сите граѓани на Македонија масовно да излезат на избори, на 8 мај и својот глас да го дадат за нашиот претседател Стево Пендаровски и за пратеничките листи на СДСМ и коалицијата за европска иднина, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски синоќа на митинг на коалицијата за европска иднина во Чучер Сандево.

Прочитај повеќе